Авто новости

Достоен на славното име – вака забрзува McLaren Senna

19. март 2019 - 13:59 | А.С.

Од фабриката во Вокинг редовно излегуваат вистински автомобилски бисери, а на самиот врв се наоѓа еден посебен - McLaren Senna.

Кога автомобил ќе го добие името по еден од најславните возачи на Ф1 Аиртон Сена, јасно е дека тој автомобил мора да биде брз.

Не само што треба да забрзува како куршум, туку подеднакво брзо треба да се снаоѓа во кривини.

А во тоа му помага совршено балансираното лежиште и централно поставениот 4.0-литарски твин турбо V8 мотор што произведува 800 кс и има вртежен момент од 800 Nm.

Од 0 до 100 км/ч стигнува за 2,8 секунди, а максималната брзина му е 380 км/ч.

Погледнете како оваа „ѕверка“ забрзува до 295 км/ч, а ако сте заинтересирани, треба да знаете дека сите 500 примероци се распродадени.

Коментирај