Свет

Доживотен затвор за Ел Чапо, без можност за предвремено условно пуштање на слобода

17. јули 2019 - 17:02 | МИА/КАЈГАНА

Американски суд му изрече доживотна затворска казна без можност за предвремено условно пуштање на слобода на мексиканскиот наркобарон Хоакин Гузман познат како Ел Чапо.

Тој доби и дополнителни 30 години затвор поради употреба на огнено оружје.

Исто така, треба да предаде 12,7 милијарди американски долари, многу скромна процена на приход што неговиот картел го има добиено од продажба на наркотици во САД. Засега, властите во САД не успеаја ништо да вратат.

Ел Чапо беше еден од шефовите на мексиканскиот наркокартел „Синалоа“ а „бизнисот“ му се состоеше од производство и трговија со кокаин, хероин, марихуана и метамфетамини, што илегално ги внесуваше на американскиот пазар.

Казната најверојатно ќе ја отслужува во затвор со најстроги мерки на безбедност во Колорадо.

Затворот ADX Florence е најбезбедниот затвор со максимална безбедност во САД, изграден за најлошите од најлошите во затворскиот систем, вклучувајќи ги најнасилните затвореници и осудени терористи. Повеќе од 400 затвореници, колку што има во него, минуваат и до 23 часа целосно само во бетонски, звучно изолирани ќелии.

Полошо и од смртта: Како изгледа затворот во кој ќе престојува Ел Чапо?

Коментирај