Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Холандскиот фудбал оваа недела го потресе скандал во кој судијата Јан Смит (61) направи невиден потег поради кој доби доживотна суспензија.

Смит го судеше натпреварот помеѓу Синт Хеорхе и Де Валкен кои се натпреваруваат во четвртата холандска лига. Домашните беа водечки и им требаше бод за освојување на титулата, а Смит додели 15 минути судиско време, откако претходно им покажа на гостите 3 црвени картони.

Конечно, длабоко во судиското надополнување во 104. минута и видно побројни, Синт Хеорхе успеа да израмни на 2:2 и да ја освои титулата.

Тоа не беше сѐ бидејќи по натпреварот беше објавено видео од Смит како ја прославува титулата со играчите на Синт Хеорхе, па дури и излезе на бината самиот да го подигне трофејот.

Очекувано, видеото ја обиколи целата земја, по што реагираше Кралската фудбалска федерација на Холандија и му изрече доживотна суспензија на овој судија.

Иако не може да има појасни докази дека Смит очигледно го фаворизирал победничкиот тим, сега веќе поранешниот судија продолжува да негира дека е корумпиран.

„Само еднаш ја отпеав песната и го кренав трофејот. Тоа е сѐ што направив. Ситуацијата е премногу тажна за да се каже нешто друго“, беше реакцијата на Смит по суспензијата.

реклама

Почнува хаос: Нема струја во Шпанија, Португалија и Франција

Read more

Едно растение ги брка досадните муви пред да влезат во вашиот дом

Read more

Македонка во Шпанија: Струја уште нема, но нема ни паника, се почитуваат препораките од властите

Read more

Голем финансиски хороскоп за месец мај

Read more

Фудбал

L’Equipe: Реал се однесува како разгалено дете

Read more

Пеп му честиташе на Ливерпул: Ни бегаат милијарда бодови, фантастичен тим се

Read more

Конте: Сега сè е во наши раце

Read more

Ридигер му се извини на судијата Де Бургос за дивјачкото однесување

Read more
 

Спорт

L’Equipe: Реал се однесува како разгалено дете

Читај повеќе

Пеп му честиташе на Ливерпул: Ни бегаат милијарда бодови, фантастичен тим се

Читај повеќе

Лазаров горд на играчите

Читај повеќе

Усик и Дубоа ќе боксуваат за обединување на титулите во тешка категорија

Читај повеќе
  • play_arrow

Тешка повреда на Лилард, се зборува и за крај на кариерата

Читај повеќе

Конте: Сега сè е во наши раце

Читај повеќе
  • play_arrow

Ридигер му се извини на судијата Де Бургос за дивјачкото однесување

Читај повеќе
  • play_arrow

Алкалоид ќе се бори за трофејот во ЕХФ купот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лејкерс поразени и покрај 65-те поени на Дончиќ и Леброн, удрија по судиите

Читај повеќе