Дознајте каде се крие зајакот со апликацијата Skopje ZOO

Подарок билет за сите Magenta 1 корисници

Домашниот зајак е еден од најпосетуваните жители на Зоолошката градина. Неговиот дом е лесно пристапен и отворен за посетителите, а можете да го најдете со помош на апликацијата Skopje ZOO.

„Каде се крие зајакот?“ е прашање кое  често го поставуваме фигуративно, а сега прашуваме и буквално „Каде се крие зајакот?“, за да дознаеме каде е неговото живеалиште во ЗОО Скопје. Одговорот на ова прашање ќе го дознаете со помош на апликацијата Skopje ZOO, односно со користење на дигиталната мапа.

Домашниот зајак е добро познато животно на овие простори и многу често се сретнува како домашен миленик во семејствата, особено во оние со мали деца. Неговите долги уши и кратко опавче го прават зајакот многу допадлив, а симпатичното мрдање на носот ќе ве освои уште на првиот поглед. Но, внимателно кога им пристапувате на зајаците, бидејќи се плашливи и брзо ќе избегаат од вас, доколку ве доживеат како закана.

Македонски Телеком ја создаде апликацијата Skopje ZOO за да им овозможи на посетителите полесно да ја организираат нивната следна посета, да се ориентираат во просторната зоолошка градина и да научат нешто повеќе за животните кои живеат во неа.

Покрај можноста за купување билет онлајн, преку апликацијата можете да го лоцирате секое животно кое сакате да го посетите со помош на дигиталната мапа. А откако ќе го најдете, скенирајте го кодот кој се наоѓа пред неговото живеалиште за да дознаете нешто повеќе за неговиот вид и потекло, за неговите навики, начинот на исхраната и многу други информации.

Сите корисниците на Magenta 1 промотивно добиваат бесплатен билет за посета на Скопје ЗОО, кој може да се искористи до 31 октомври. Секоја мобилна линија од Magenta 1 фамилијата може да го активира бесплатниот електронски билет само преку TelekomMK апликацијата. Имајте го билетот на вашиот смартфон, покажете го на билетарница и избегнете го редот.

Skopje ZOO е достапна за сите посетители, едноставна е за користење и ја има во три јазични верзии.

Преземете ја бесплатно од:

Google Play

App Store

Активирајте го електронскиот билет преку TelekomMK апликацијата, преку категоријата „Промотивен билет за Скопје ЗОО“.

реклама

Промо

Македонски Телеком e најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании во Македонија

Read more

Златен Даб – еволуција на изглед и вкус

Read more

Пролетно уредување на домот: Топ трендови и совети за оваа сезона

Read more

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Read more
 

Ново

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе