ДПИ: 4 маркети не ја почитувале владината одлука за замрзнување на цените

Од изршени над 250 надзори, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) утврди дека 4 субјекти не ги почитувале последните одлуки на Владата за замрзнување на цените на одредени прехранбени производи.

Како што информира денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски, станува збор за економски субјект во Охрид, кој продавал леб по цена повисока од онаа утврдената во одлуката за забрзнување на цената на лебот до 33 денари, како и за три економски субјекти од Охрид, Битола и Кичево, кои не ја почитувале одлуката за намалување на цените на тестенините и млечните производи.

– По стапување во сила на последната одлука, односно во последните два дена, се извршени над 250 надзори на цела територија. Од надзорите е констатирано дека одлуките се почитуваат, освен кај 4 економски субјекти, за кои се изречени прекршочни платни налози во вредност од над 1.120.000 денари, изјави Трајковски.

Тој изрази уверување дека инспекторатот работи со својот полн капацитет и врши надзор на територија на цела држава.

– Добро е што се донесоа ваквите одлуки затоа што тие се пред сѐ за доброто на граѓаните, но трговците не треба да чекаат да се донесат одлуки, па да намалуваат цени, апелирам онаму каде што има можност да ги намалат цените и на другите производи кои се неопходни за граѓаните. Во време на криза потребна е солидарност, а не профитерство, рече тој.

Трајковски порача дека инспекторатот останува на терен да следи дали се постапува согласно Одлуките на Владата.

– Неколку пати апелирав, ќе кажам и сега, да се усогласат цените со одлуките, затоа што секое прекршување на одлуките и законите ќе се казнува, а казните се високи. Дали станува збор за голем познат маркет или локален, тоа не игра никаква улога пред законот сите сме исти, подвлече Трајковски.

Освен замрзнатите цени на лебот, тестенините и млечните производи, се очекува од идната недела да се направат анализи со што ќе се утврди дали ќе бидат замрзнати цените и на шеќерот, јацата и оризот.

Тагови
реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Read more

Што да јадете за здрав црн дроб?

Read more

Македонија

Ковачевски: Обврска на сите е да го продолжиме патот на државата кон ЕУ

Read more

МВР: Спречено организирано бегство од Идризово, откриен 40-метарски тунел

Read more

Судењето за „Ласкарци“ продолжува на 30 март

Read more

Во затворот Идризово откриен тунел за бегство

Read more
 

Вести

Најубавата плажа на Закинтос годинава ќе биде затворена за туризам

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Обврска на сите е да го продолжиме патот на државата кон ЕУ

Читај повеќе
  • play_arrow

МВР: Спречено организирано бегство од Идризово, откриен 40-метарски тунел

Читај повеќе

Судењето за „Ласкарци“ продолжува на 30 март

Читај повеќе

Во затворот Идризово откриен тунел за бегство

Читај повеќе

На скопскиот аеродром запленети над 43 килограми златен накит

Читај повеќе

Секс скандалот му се удри од глава: Дали Доналд Трамп ќе биде уапсен денеска?

Читај повеќе

Вучиќ: Сѐ што кажав ќе спроведеме, а за признавање и членство во ОН или телата на ОН нема ни збор

Читај повеќе
  • play_arrow

Русите се пофалија дека пресретнале американски бомбардери над Балтичко Море

Читај повеќе