ДПИ: Извршени над 250 контроли за лебот, издадени 6 прекршочни налози вредни над 960.000 денари

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во саботата изврши над 250 надзори и контроли на територија на целата држава. Од надзорите и контролите е утврдено дека поголем број од трговците ги почитуваат одлуките на Владата за замрзнување на цената на лебот до 33 денари и за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед.

– Леб се продава од 28 до 33 денари, зависно од грамажата и градот во кој се вршени надзорите и контролите, a трговците на големо и мало со прехранбени производи, генерално ја почитуваат обврската да го произведуваат и да го ставаат во промет лебот опфатен со Одлуката на Владата, во количина од најмалку 80% од производството на овој леб во декември 2022 година, наведува Инспекторатот.

Онаму каде што се констатирани прекршувања, издадени се вкупно 6 прекршочни платни налози и тоа во висина од над 960.000 денари.

Државниот пазарен инспекторат најавува дека и понатаму интензивно ќе спроведува контроли и надзори по одлуките на Владата.

– Нема да има отстапувања и ќе биде казнет секој оној што пробал на било каков начин да изврши прекршување на овие Одлуки. Апелираме трговците да ја адаптираат цената и доставата на лебот во согласност со Одлуките, бидејќи во спротивно ќе се соочат со казни кои се многу високи, и изнесуваат од 800 до 10.000 евра, во зависност од големината на економскиот субјект, а во надлежност со Законот за трговија, соопштува ДПИ.

Тагови
реклама

Неделен хороскоп од 25 септември до 1 октомври

Read more

Пијалаци што не треба да ги пиете ако имате висок крвен притисок

Read more

Се гради највисоката кула во светот, ќе биде висока 1.000 метри

Read more

Што се добива кога ќе завариш две Југо коли во една?

Read more

Македонија

Пендаровски: Потребни ни се блиски врски меѓу Македонија и дијаспората

Read more

Активни шест пожари во околината на Прилеп и Битола

Read more

Попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Read more

Мицкоски: Ахмети и Џафери да ја кажат вистината за содржината на УСБ-то и пликото кои што им биле дадени

Read more
 

Вести

Како Руската православна црква регрутира шпиони низ парохиите низ САД?

Читај повеќе

Пендаровски: Потребни ни се блиски врски меѓу Македонија и дијаспората

Читај повеќе

Бебе тешко повредено во градинка во Скопје

Читај повеќе

Шефот на сицилијанската мафија во кома, лекарите престанаа да го хранат

Читај повеќе

Доларот зајакна десетта недела по ред – ова не се случило 10 години

Читај повеќе

Активни шест пожари во околината на Прилеп и Битола

Читај повеќе

Попладне нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Мицкоски: Ахмети и Џафери да ја кажат вистината за содржината на УСБ-то и пликото кои што им биле дадени

Читај повеќе

Дете со мотор во Струга прегази девојче на улица

Читај повеќе