Македонија

Драчево и Долно Лисиче во понеделник ќе останат без вода

19. август 2017 - 9:30 | Макфакс

Регионалниот центар за управување со кризи информира дека на 21 август, понеделник, без вода ќе останат корисниците во населба Драчево и Долно Лисиче.

„По добиеното известување од ЈП Водовод и Канализација, ги известуваме граѓаните дека поради санација на електрична инсталација во пумпна станица Драчево, во периодот од 09 часот па сè до завршување на работите, можно е да има прекин во водоснабдувањето во населба Драчево и Долно Лисиче“, информира РЦУК.

Коментирај