Драги мажи, големината сепак е важна

Мажите кои користат кондоми често се жалаат на неудбност, дека „не чувствуваат речиси ништо“ или дека кондомот не им одговара.

Според најновите истражувања, само една третина од сексуално активните мажи во САД користи кондоми. Откако стигна одобрувањето од Службата за безбедност на храна и лекови (FDA), една компанија со седиште во Бостон почна да продава кондоми во 60 големини, во комбинации со десет должини и девет ширини.

Дали овој диверзитет во понудата ќе го рабие анимозитетот кон користењето кондоми, единственото средство за контрацепција што штити од речиси сите облици на сексуално преносливи болести?

Експертите не се сосема сигурни.

Многу обиди за подобрување на кондомите не успеале, иако тестирањето за одобрување од FDA е исклучително скапо, имајќи предвид дека кондомите се сметаат за медицинско средство.

Кога компанијата  „Global Protection Corporation“ од Бостон пристапила на FDA за измени на критериумите и стандардите и воведување на новини и промени, приоритет била помала големина на кондоми, вели директорот Дејвин Ведел.

Сѐ до неодамна, според пропишаните стандарди, кондомите мораше да бидат долги најмалку 17 сантиметри. Меѓутоа, истражувањата покажаа дека просечниот пенис во еректирана состојба е 2,5 сантиметри пократок.

Деби Хербеник, експертка за сексуално здравје од Универзитетот во Индијана, заедно со нејзините колеги го објави истражувањето спроведено на 1.661 маж од целата територија на САД, што покажа дека  дури 83% од мажите имаат проблем со кондомите со стандардна величина бидејќи им се преголеми. Просечната должина била околу 14 сантиметри.

Разноврсната и прилагодена понуда на кондоми под името „myONE Perfect Fit“ подразбира големини од 12,4 до 23,8 сантиметри во должина и обем од 8,9 до 12,7 сантиметри.

„Ако веќе купувале кондоми во помали величини што пак им биле преголеми, тоа е ужасно искуство за мажите“, вели Ведел чија компанија припаѓа на брендот „myONE condoms“.

Само за неколку часа откако биле пуштени во продажба, нарачани биле кондоми во сите 60 величини.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Љубов и секс

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more

Венера во Овен до 29 април: 4 хороскопски знаци ќе доживеат големи промени во љубовта

Read more

Дали го знаете правилото 7-7-7? Може да го спаси бракот!

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе