Драговиќ: Салах се плашеше да не му ги скршам нозете

Австрискиот дефанзивец открива интересна досетка од времето кога играше заедно со Мохамед Салах во Базел.

Александар Драговиќ и Мохамед Салах една сезона делеа соблекувална и тоа во тимот на швајцарски Базел во сезоната 2012/13. Потоа Австриецот замина за киевски Динамо, а Египќанецот во Челси.

За таа една сезона Салах имал уплав од Драговиќ бидејќи на тренинзите Австриецот со српско потекло влегувал бескомпромисно во дуелите.

„Јас го подготвив за да стане голем играч. Често заедно вежбавме дуели. Хахахах“, вели Драговиќ во заедничко интервју за Goal и германски SPOX, сугерирајќи на тоа дека тој има удел тоа што Салах стана она што е денес.

Салах и Драговиќ од времето во Базел

Салах денес не е силен во дуелите, но уплавот од Драговиќ допринел да работи на неговата брзина, токму за да бега од такви опасни стартови.

„Секогаш се плашеше дека ќе му скршам нога со моите клизачи. На тој начин го подготвив за тешкиот англиски стил на игра. Лесно ќе приметите дека со неговата брзина секому може да му избега“, додава Австриецот.

Тој открива и дека Салах порано не бил голгетер каков што го знаеме денес. Многу работел за да го стигне денешното ниво.

„Но, во тоа време имаше проблем неговите шанси да ги претвори во голови. Благодарение на неговата напорна работа, се подобри многу во тој поглед. Мо е одлична личност која не лета во облаци“, заврши тој.

Салах денес е во Ливерпул, додека Драговиќ ги брани боите на Црвена звезда.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Фудбал

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Read more

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Read more

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Read more

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Read more
 

Спорт

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе