Драма на бензинска: Изгоре Lamborghini од 300.000 долари

Иако во последните неколку години имаше неколку ситуации со самозапалување на Lamborghini, сега за пожарот постои друг виновник.

Lamborghini Huracan Performante се запали на една бензинска пумпа во САД, додека неговиот сопственик плаќаше гориво.

Случајните минувачи кои забележаа како возилото наеднаш почнува да гори, веројатно помислија дека станува збор за самозапалување - што само по себе не би било необично за едно Lamborghini, со оглед на тоа дека такви ситуации веќе се забележани ширум светот.

Меѓутоа, видео кое го сними еден љубител на суперспортски автомобили, ја открива вистината.

Имено, сопственикот на автомобилот, кој ставаше гориво покрај паркираниот Huracan, заборави да го извади цревото од резервоарот на своето возило, во моментот кога се упати да ја плати сметката.

Цревото се откина од апаратот и го испрска со бензин задниот дел од автомобилот, каде се наоѓа моторот, кој веќе бил загреан од возењето, па набргу изби пожар.

Пожарникарите, кои набргу стигнаа, успеаја да го угасат пожарот и да спречат поголема трагедија, но за синото Lamborghini веќе беше прекасно - автомобилот целосно изгоре. За среќа, во пожарот немаше повредени.

Инаку, двата Lamborghini, кои се сретнаа на бензинската во моментот на инцидентот, а се гледаат на видеото, се учесници на ревијална трка „Goldrush“.

Ова ревијално возење низ Америка започна во Бостон на 22 јуни, а целта беше во Лас Вегас, изминатиов викенд.

Моделот Huracan Performante, дебитираше на саемот на автомобили во Женева во 2017 година. Овој автомобил за погон користи 5.2 литарски V10 мотор со 631 коњски сили. Од 0 до 100 километри на час забрзува за само 2,9 секунди.

Почетната цена на овој модел во САД изнесува 274.390 долари.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Авто новости

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Read more

Дизелот е мртов за Volvo

Read more

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Read more

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Read more
 

Автомобили

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе