Драма на Сан Сиро: Како Роналдо го спаси пеналот на Игуаин?

Јувентус го победи Милан по 15-ти пат во 17 натпревари. Благодарение на головите на Марио Манџуки и Кристијано Роналдо и одбраната на голманот Војчех Шчесни, „Старата дама“ ги порази „росонерите“ на Сан Сиро со 2:0 во 12. коло од Серија А.

Тимот што апсолутно владее со италијанскиот фудбал поведе уште во осмата минута со голот со глава на Марио Манџукиќ, по одличната асистенција на Алекс Сандро од левата страна.

Потоа во 40-тата минута следеше почетокот на драмата и моментот што можеше да биде решавачки во Милано. Гонзало Игуаин сакаше да помине покрај Меди Бенатија во шеснаесетникот, а Мароканецот играше со рака. Судијата Мацолени се консултираше со ВАР и потврди – пенал за Милан.

Со овој гол ќе се изедначеше резултатот и значително ќе се сменеше динамиката на натпреварот.

Игуаин ја намести топката и сакаше да поентира против поранешниот матичен клуб, но промаши. Поточно, Шчесни одбрани со помош на левата статива и ги фрли во очај домашните навивачи.

Меѓутоа, за оваа одбрана најзаслужен е Роналдо кој му даде совет на голманот за тоа на која страна ќе шутира Аргентинецот. Роналдо долго време играше со Игуаин во Реал и добро ги знае неговите навики.

„Сите се знаеме многу добро. Знам дека Игуаин шутира пенали ниско и силно. Роналдо ме советуваше да се фрлам за дел од секундата порано бидејќи Пипита шутира силно“, рече голманот на Јувентус по натпреварот.

Откако го промаши пеналот, Игуаин беше нервозен и седум минути пред крајот на натпреварот доби црвен картон. Влезе во дуел за кој судијата му покажа жолт картон, но напаѓачот продолжи со протестирање и навреди кон Мацолени, па експресно следеше и вториот жолт и Аргентинецот мораше во солзи да го напушти теренот.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Read more

Родри една година не доживеал пораз

Read more

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Read more
 

Спорт

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо повторно има нова ѕверка, со моќен мотор

Читај повеќе