АТП УС ОПЕН 2024

Драма на УС опен, Нишиока во количка го однесоа од теренот

Макфакс/Кајгана
/ 27.08.2024 / 14:34

Јапонскиот тенисер Јошихито Нишиока (28) беше принуден да му го предаде мечот на српскиот тенисер Миомир Кецмановиќ (24) во петтиот сет од првото коло на УС опен.

При резултат 2:2 во сетови (7:6, 2:6, 7:5, 5:7) и 1:0 за Кецмановиќ во петтиот сет со брејк-топка на сервис на Нишиока, Јапонецот падна на подлогата и почна да завива од болка. Инаку, во четвртиот сет Нишиока имаше 5:4 и меч топка, откако не ја искористи му дозволи Кецмановиќ со три гема во низа да го освои сетот и да изедначи на 2:2.

Држејќи се за левата надколеница, во солзи барал лекарска помош, најверојатно поради исклучително силни грчеви. Нишиока и по интервенцијата на докторот не можеше да се движи. Во еден момент покрај него седна и Кечмановиќ, тешејќи го и помагајќи му.

По некое време Јапонецот беше опколен со жив ѕид за гледачите да не ја видат драмата што се одвиваше.

Потоа Нишиока во инвалидска количка и во солзи го напушти теренот, откако претходно 20 минути добиваше помош од медицинскиот тим.

Remote video URL

Неговата состојба сѐ уште не е позната откако беше однесен во главната зграда на комплексот каде што се одржува последниот Грен слем турнир во сезоната.

Како одговор на коментарот на еден новинар дека во Њујорк е многу жешко, Кецмановиќ рече: „Не е важно колку е жешко, многу е спарно. Бев исцрпен по првиот сет. За среќа, сонцето се сокри зад облаците, па подоцна беше малку полесно“.

Тагови
реклама

Објавена првата голема временска прогноза за летото: Што нѐ очекува?

Read more

Кој ќе може да аплицира за „1.000 денари месечно за струја“?

Read more

Што ќе се случи ако еден месец не јадете шеќер?

Read more

Совршено подготвен модар патлиџан: Елиминирајте ја горчината и подобрете го вкусот

Read more

Тенис

Ѓоковиќ сруши рекорд на Надал

Read more

Ѓоковиќ: Ќе продолжам да играм, да видиме колку ќе издржам

Read more

Земјотрес во тенисот – Ѓоковиќ и колегите поднесоа тужба

Read more

Ѓоковиќ ќе игра во Монте Карло

Read more
 

Спорт

Ван Дајк заминува од Ливерпул?

Читај повеќе

Ѓоковиќ сруши рекорд на Надал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тимот на велшките навивачи утре на пладне ќе игра против Слободен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајкл Џордан ја отвори четвртата бесплатна клиника

Читај повеќе

Тудор возел 10 часа од Сплит до Торино за 500.000 евра

Читај повеќе

Челси во необична позиција: Ќе мора да плати за да не го откупи Санчо

Читај повеќе

Шкупи го повлече дресот на Андреј Лазаров, клубот ќе го исплати целиот договор на неговото семејство

Читај повеќе

Познати барабаните за следната жрепка во Лигата на нации, Македонија во последниот

Читај повеќе

Нов Зеланд избори пласман на Светското првенство

Читај повеќе