Авион на Asiana Airlines безбедно слета денес на аеродромот во јужнокорејскиот град Даегу, по инцидент кога вратата се отворила во воздух за време на летот, изјави портпаролот на компанијата, додавајќи дека девет лица се пренесени во болница.

Авионот со реден број на лет 8124 слетал на аеродромот околу 12:40 часот по локално време, а полетал од островот Џеџу еден час порано, според податоците на летот, објави Reuters.
Што вратата се отворила се активирал и слајдот за итни случаи, но веднаш се откинал.
Во инцидентот нема повредени, но некои патници се пренесени во болница бидејќи поради шокот имале проблеми со дишењето, додаде портпаролот на Asiana Airlines.
Портпаролот рече дека властите истражуваат како се случил инцидентот.
„Полицијата ги истражува околностите на инцидентот, откако патникот, кој седел покрај излезот за итни случаи, ја допрел рачката на вратата“, рече службеникот.
Патникот што ја отворил вратата е уапсен.