Фудбал

Драма во Лондон: Разбојници со нож го нападнаа Месут Озил

26. јули 2019 - 11:28 | Б.С.Б.

Фудбалерот на Арсенал, Месут Озил вчера бил нападнат од две маскирани лица вооружени со ножеви. Тие се обиделе да го ограбат фудбалерот, но за среќа тука бил Сеад Колашинац кој го одбранил од крадците.

Фудбалерот бил нападнат од разбојници на мотори кои се обиделе да го заплашат со ножеви. Целиот настан е снимен од безбедносните камери, а спасоносна е реакцијата на неговиот тимски соиграч Сеад Колашинац кој застанал во одбрана на Озил и успеал да ги избрка напаѓачите.

Додека Озил се возел со автомобилот низ Лондон, крадците го следеле. Кога застанал со автомобилот тие се обиделе да го заплашат со ножеви и да го одземат неговиот црн Mercedes G класа. Во тој момент Колашинац излегол од автомобилот и со голи раце се пресметал со вооружените напаѓачи.

Од друга страна, Озил побегнал во блискиот турски ресторан каде вработените го препознале и се обиделе да му помогнат. Потоа и тие потрчале по напаѓачите.

Полицијата соопшти дека двајца маскирани напаѓачи на мотор се обиделе да го ограбат фудбалерот, но за среќа тој останал неповреден.

Коментирај