Драма во унгарскиот парламент по усвојувањето на законот за забрана на Парадата на гордоста

Шест унгарски пратеници добија два месеца забрана за влез во парламентот на земјата, откако ја прекинаа седницата во вторникот поради усвојувањето на амандманот со кој се забранува одржување на Парада на гордоста во Унгарија.

Пратениците од либералната партија Моментум и независниот пратеник Акос Хадази протестираа палејќи димни бомби внатре во собраниската сала.

Тие ја прекинаа седницата откако мнозинството ја изгласа иницијативата на нелибералната влада на премиерот Виктор Орбан да се забрани секој јавен собир што го прекршува законот за заштита на децата, кој го ограничува пристапот до се што може да „промовира или прикажува отстапување од полот на раѓање, промена на пол или хомосексуалност“.

Критичарите го нарекоа законот хомофобичен.

„Во суштина, не сме изненадени“, изјави парламентарниот лидер на Моментум, Давид Бедо, за Politico.

„Очекувавме дека претседателот на парламентот Ласло Ковер, еден од блиските сојузници на Орбан, ќе нè удри со сета сила на партиската држава“, додаде тој.

На Бедо и на уште двајца пратеници им е забранет влез во парламентот во траење од два месеци, а платите ќе им бидат суспендирани на шест месеци.

Тагови
реклама

Колку пати неделно треба да имате секс за да спречите депресија?

Read more

Бен Афлек го спушти синот на земја: Јас сум богат, а ти немаш скршена пара

Read more

Mercedes-Benz од 2026 година ќе започне со производство на автомобил со drive-by-wire систем

Read more

Зошто папата Франциск цело време одбиваше да ја посети Шпанија?

Read more

Свет

Макрон: Зеленски не може да се согласи на примирје додека ракети паѓаат врз Киев

Read more

Трамп за жестокиот напад на Киев: Владимире, престани!

Read more

Кина контра САД: Не сме одржале преговори за царините

Read more

Зошто папата Франциск цело време одбиваше да ја посети Шпанија?

Read more
 

Вести

Осомничени уште 3 лица во предметот Адитив, меѓу нив и претседателката на Антикорупциска

Читај повеќе

Мицкоски: Ако работодавачите и работниците се договорат за минималната плата, Владата ќе го прифати договореното

Читај повеќе

Макрон: Зеленски не може да се согласи на примирје додека ракети паѓаат врз Киев

Читај повеќе

Мицкоски: Мерките дадоа резултат, цените на храната се намалија дури и според кошничката од синдикатот

Читај повеќе

Таравари го поддржа апсењето лекари: Сите што грешат нека одговараат

Читај повеќе

Премиера на претставата за деца Жива досада на 8 мај во МНТ

Читај повеќе

Трамп за жестокиот напад на Киев: Владимире, престани!

Читај повеќе

Кина контра САД: Не сме одржале преговори за царините

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Зошто папата Франциск цело време одбиваше да ја посети Шпанија?

Читај повеќе