СЕРИЈА А 2021/22

Драма, жестоки дуели, судиски одлуки - Интер го победи Јуве во Торино

Дербито на Италија синоќа ги оправда очекувањата бидејќи имаше сѐ што го отсликува ова дерби, а на крајот бодовите заминаа во Милано благодарение на пенал кој предизвика многу полемики.

Можеби љубителите на Калчото очекуваа повеќе голови, но големата драма и напнатост надокнадија за отсуството на најважната работа во фудбалот. Јувентус и Интер одиграа вистински Дерби д'Италија за кое уште долго ќе се зборува.

Уште во 3. минута Лаутаро Мартинес несмасно со нога в лице го закачи Мануел Локатели кој мораше да продолжи со чалма на главата, а после половина час и да биде заменет.

Домашниот Јувентус беше за нијанса подобар во првиот дел иако првата шанса беше за гостите преку Милан Шкринијар во 8. минута чиј удар со глава беше одбранет од Војчех Шченсни. Само минута подоцна Џорџо Кјелини врати и тоа во пречката.

Во 44. минута Алваро Мората со копачка убаво го нагази Дензел Думфрис во шестнаесетникот, прекршок кој судијата Масимилиано Ирати не го виде, но по интервенција на ВАР покажа на белата точка. Тоа беше правилна одлука, но потоа самиот пенал донесе контроверзии.

Хакан Чалханолу ја зеде топката за да шутира, упати млак удар кој Шченсни лесно го одбрани. На одбиената топка натрчаа двајца домашни играчи, како и Чалханолу кој од вториот обид на одбиената топка постигна гол. Домашните играчи бараа фаул, а судијата Ирати на крајот досуди дека пеналот треба да се понови бидејќи Матајс де Лихт прерано влетал во казнениот простор.

Од вториот обид Чалханолу беше успешен, храбро шутирајќи повторно на истата страна на која пред некоја минута промаши, но овој пат со многу посилен удар. Потоа првиот дел траеше дополнителни дури 10 минути поради прекините.

Во вториот дел продолжи напнатата игра со доста остри прекршоци. Во 63. минута Душан Влаховиќ се обиде, но над голот. Во 74. минута нововлезениот Денис Закариа упати силен удар кој Самир Хандановиќ го одбрани. И вториот дел беше доста продолжен, дури 7 минути, а за тоа време на двапати домашните играчи се обидоа да одглумат пенал, прво Влаховиќ, а потоа Де Лихт, но судијата не наседна.

Remote video URL

Интер по речиси 10 години успеа да го победи Јуве во Торино, а со овие драгоцени 3 бода се врати во игра за Скудетото и воедно драстично му ги намали шансите за својот најлут ривал.

Табела:

Standings provided by SofaScore LiveScore
реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе