Драматичен пад на Tesla во Германија, продажбата падна за 76%

На фотографијата: Проекција која активистите ја поставија на фабриката на Tesla во Германија.
Фото: Zentrum für politische Schönheit, Led by Donkeys

Продажбата на нови возила на Tesla во Германија повторно значително опадна во февруари - и покрај тоа што вкупно на патиштата пристигнаа значително повеќе електрични автомобили. Според податоците на Сојузната канцеларија за моторни возила, регистрирани се 76,3 отсто помалку нови возила на Tesla отколку во февруари минатата година, јавува The Welt.

Вкупно се регистрирани 1429 нови возила на американскиот производител на електрични автомобили. Во јануари, регистрациите на нови возила на Tesla веќе паднаа за речиси 60 отсто во споредба со истиот месец минатата година, а во текот на целата 2024 година ниедна марка на електрични автомобили немаше толкав пад како Tesla, чиј сопственик е милијардерот Илон Маск.

Продажба на електрични автомобили

Продажбата на електрични автомобили порасна за 30,8%. Експертите претходно го објаснуваа падот на Tesla во Германија, меѓу другото, со проблемите со имиџот на компанијата поради политичкиот ангажман на Маск во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Дополнителна причина би можело да биде чекањето на потенцијалните купувачи на надградениот модел Y.

Вкупната продажба на автомобили на батериски погон порасна на 35.949, што е 30,8 отсто повеќе отколку во февруари минатата година.

Вкупно во Германија во февруари се регистрирани 203.434 нови автомобили од сите погони и сегменти. Тоа е 6,4 отсто помалку отколку минатата година. Во јануари беше забележан пад од 2,8 отсто.

Голем пад во Европа во јануари

Европското здружение на производители на автомобили (ACEA) објави дека Tesla во јануари 2025 продала само 9945 возила во Европа, додека во јануари 2024 таа бројка изнесувала 18.161. Тоа е пад од 45,2 отсто. Со тој пад Tesla се срушила на 26-то место на листата на ACEA за продажба по брендови.

Податоците за одделни земји откриваат уште подраматични падови:

Шпанија: пад од 75,4% (2024: 1094 возила, 2025: 269 возила)

Франција: пад од 63,4% (2024: 3118 возила, 2025: 1141 возило)

Германија: пад од 59,5% (2024: 3150 возила, 2025: 1277 возила)

Шведска: пад од 46% (2024: 1000 возила, 2025: 540 возила)

Холандија: пад од 42,5% (2024: 1610 возила, 2025: 926 возила)

Норвешка: пад од 38% (2024: 1000 возила, 2025: 620 возила)

Данска: пад од 40,9% (2024: 763 возила, 2025: 451 возило)

Португалија: пад од 31% (нема точни броеви на продадени возила)

Нешто помал пад имаат Велика Британија (-18%) и Италија (-13%).

Треба да се напомене дека во самата Европска Унија падот на продажбата на Tesla беше уште поизразен отколку на ниво на Европа (во која, освен ЕУ, се вбројуваат Исланд, Норвешка, Швајцарија и Британија) и изнесуваше дури 50,3 отсто.

Овој колапс на продажбата е особено проблематичен за Tesla бидејќи конкуренцијата презема пазарен удел. Кинескиот производител SAIC Motor (сопственик на брендот MG) во јануари 2025 продал преку двојно повеќе возила од Tesla во Европа, со раст на продажбата од 36,8%.

Пад на акциите на Tesla

Акциите на Tesla продолжија да паѓаат во март, по падот од 28% во февруари, што е нивниот најголем месечен пад од декември 2022.

Вчера со акциите на Tesla се тргуваше по цена која беше 44% пониска од рекордната, а компанијата по пазарна капитализација вредеше 875 милијарди долари.

Поддршката на Маск за АфД

Порано Маск, сопственик на X, ги поддржуваше британските десничари и ја напаѓаше британската влада. Неодамнешното истражување на The Times и YouGov покажа дека во Велика Британија 71% од луѓето имаат негативно мислење за Маск, што е зголемување од седум процентни поени од нивната последна анкета во ноември.

Маск неодамна се соочи со обвинение дека извел нацистички поздрав за време на инаугурацијата на Доналд Трамп.

Во Германија, пак, ја поддржува крајно десната партија АфД и ѝ честиташе на нејзиниот лидер по досега најдобриот резултат на изборите. Маск ја фалеше АфД како „единствената партија која може да ја спаси Германија“ и на X во јануари разговараше во живо со лидерката Алис Вајдел.

АфД се залага за прекин на соработката со еврозоната и се противи на еврото и се залага за повторно воведување на национална валута. Жестоки се противници на имиграцијата, особено на доселувањето на муслимани. Партијата се противи и на истополовите бракови иако Вајдел се декларирала како лезбејка. Не признаваат дека луѓето влијаеле на климатските промени.

Партијата се противи на санкциите кон Русија и испраќањето помош на Украина, а неодамна го промени својот однос кон Израел - кој сега го критикува. Лидерите на партијата повеќе пати беа обвинувани за антисемитски изјави и користење на слогани кои потсетуваат на оние кои ги користеле нацистите.

реклама

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман испратија предупредување до Трамп

Read more

Топ 15 најнеобични покриви и градби

Read more

Пратеничка ја удри струја во хрватскиот парламент

Read more

Колку секс партнери се „премногу“? Научниците имаат точна бројка

Read more

Авто новости

Ford го претстави Mustang Dark Horse SC

Read more

Euro NCAP потврди: Новиот Mercedes-Benz CLA е најбезбедниот автомобил за 2025 година

Read more

Од денеска ќе се вози со 30 км/час во центарот на Рим

Read more

Првиот BMW M3 „на струја“ ќе има четири електрични мотори

Read more
 

Автомобили

Ford го претстави Mustang Dark Horse SC

Читај повеќе
  • play_arrow

Euro NCAP потврди: Новиот Mercedes-Benz CLA е најбезбедниот автомобил за 2025 година

Читај повеќе

Од денеска ќе се вози со 30 км/час во центарот на Рим

Читај повеќе
  • filter

Првиот BMW M3 „на струја“ ќе има четири електрични мотори

Читај повеќе

Mercedes бележи голем пад на продажбата

Читај повеќе

Колку гориво навистина заштедува системот старт-стоп?

Читај повеќе

Кои беа најпродаваните автомобили во Германија во 2025 година?

Читај повеќе

Новиот Volvo EX60 со седум седишта пристигнува со досег од 810 км

Читај повеќе

Како солта влијае на нашите автомобили и на самото возење?

Читај повеќе