Драматични сцени во Грција по силното невреме: На неколку места е прогласена вонредна состојба

Противпожарните служби, Јужноегејскиот регион и Општина Родос остануваат во состојба на подготвеност за справување со проблемите предизвикани од невремето Бора. Како што е најавено, наскоро ќе започне процесот на евидентирање на штетата со цел да се обештетат повредените.

Според снимките на ANT1 направени на островот, реката во Халисос и натаму е надојдена, продолжувајќи ги маките на жителите, чии животи се урнаа пред нивни очи и го изгубија целиот стекнат имот. Според извештајот, на Лимнос не врне дожд во последните неколку часа, а жителите на островот се обидуваат да спасат што можат по разорните поплави.

Вонредна состојба за Родос и Лемнос прогласи генералниот секретар на Министерството за климатски кризи и цивилна заштита на барање на градоначалникот. На Лемнос е прогласена вонредна состојба во општинските единици Мирина, Ацики и Неа Кутали. Сите училишта низ островот остануваат затворени во вторник.

Поради силните ветрови и врнежите, оштетени се многу инфраструктури, куќи и патишта. Големи количини на врнежи се забележани на Халкидик поради лошото време. Патиштата се претворија во реки, поплавени се бројни куќи и продавници, а некои места целосно покриени со кал.

Главниот пат на Ситонија на повеќе места беше непристапен поради одрони и дрвја кои паднаа на коловозот. Во Торони беа поплавени околу 200 куќи, а противпожарната служба во текот на претходната ноќ спаси 17 лица. Во меѓувреме, мостот кај Торони се урна, поради што сообраќајот беше запрен, а возачите мораа да го заобиколат полуостровот.

Маж чиј идентитет не е соопштен починал во Ситонија, Халкидик, откако неговиот автомобил влетал во канал и останал таму со часови, човекот бил беспомошен, а на крајот починал од хипотермија, јавуваат грчките медиуми.

Несреќниот маж, кој е една од трите регистрирани жртви на невремето Бора што ја зафати Грција, прогласен е за починат утринава кога бил пренесен во болница, јавува Παραπολιτικά.

Локален жител го пронашол човекот жив. Како што изјави тој, човекот му кажал дека автомобилот се излизгал и излетал од патот. Мештанинот го однел дома, но бидејќи несреќникот се чувствувал лошо повикал брза помош. Подоцна мажот починал од хипотермија на пат кон болницата.

реклама

Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки

Read more

Три промени во компирот откриваат дека не е безбеден за јадење

Read more

Израелски медиуми: Хамас им даде торби со подароци на ослободените жени

Read more

Французинката која лажниот Бред Пит ја измами за 830.000 евра сега е бездомничка

Read more

Регион

Пожар во дом за стари лица во Србија, 8 загинати, неколку повредени

Read more

Хрватски министер поднесе оставка откако се појави видео како пука од автомобил

Read more

Aлбанија лани ја посетиле рекорден број туристи

Read more

Вучиќ понуди Србија да биде домаќин на средбата Трамп-Путин: Мислам дека би им одговарало и на двајцата

Read more
 

Вести

30-дневен притвор за Раде Трајковски-Штекли и за уште 9 лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Голем митинг на Трамп: До зајдисонце ќе биде запрена инвазијата на нашата земја

Читај повеќе
  • play_arrow

Пожар во дом за стари лица во Србија, 8 загинати, неколку повредени

Читај повеќе

Израелски медиуми: Хамас им даде торби со подароци на ослободените жени

Читај повеќе

Околу 70 милиони Американци предупредени за невреме: инаугурацијата на Трамп преместена во Капитол

Читај повеќе
  • filter

Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки

Читај повеќе

Трамп веќе работи на закажување разговор со Путин

Читај повеќе

Без струја делови од Аеродром и Сарај

Читај повеќе

Претпладне студено со магла, преку денот променливо облачно

Читај повеќе