Во Далмација со денови беснеат големи пожари, а моментално најтешка е ситуацијата меѓу Подгора и Тучепи, каде пламените јазици постојано им се закануваат на населените места.
Dalmacija Danas објави драматично видео од Горна Подгора кога пожарникарите со своето возило се бореле низ огнот.
„Се повлекуваме. Боже на помош“, се слуша од возилото додека пожарникарите се пробиваат низ пожарот.
На социјалните мрежи е објавена уште една идентична ситуација во која се нашле пожарникарите од Вргорац кога и тие минувале низ пожарот.