Драматично кај Французите: Мбапе предложил Зидан да го замени Дешан

Ситуацијата во француската репрезентација не е идеална во пресрет на четвртфиналната пресметка со Хрватска во рамките на Лигата на нации.

Според пишувањата на француските медиуми, атмосферата во соблекувалната на Франција е далеку од идеална. Нарушени се и односите во тимот, а најгласен во сето тоа е Килјан Мбапе, кој веќе некое време нема најдобри односи со тренерот Дидје Дешан.

Мбапе наводно разговарал со челниците на ФФФ и им рекол дека многу играчи сакаат промена на клупата на репрезентацијата. Истакнал дека веќе постои идеално решение за наследникот на Дешан, а тоа е Зинедин Зидан.

Le Parisien пишува дека има сѐ повеќе играчи кои веруваат дека е време да се замени Дидје Дешан. Сметаат дека по 13 години на чело на репрезентацијата го достигнал својот пик и дека би била неопходна промена за да се освежи тимот и да се подготви за Мундијалот следната година во Канада, САД и Мексико.

Иако Македонија и други репрезентации мундијалските квалификации ги почнуваат сега, Французите ќе ги почнат или во јуни или во септември, во зависност од исходот на нивниот двомеч со Хрватите. Првиот натпревар го играат в четврток во Сплит, а реваншот е в недела во Сен-Дени. Доколку излезат како победници, тогаш во јуни ќе играат на фајнлфорот во Лигата на нации, а мундијалските квалификации ќе ги почнат во септември. А, пак, доколку загубат, тогаш во јуни ќе ги почнат квалификациите.

Дури и тоа во која група ќе играат квалификации им зависи од претстојната пресметка со Хрватска.

реклама

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман испратија предупредување до Трамп

Read more

Топ 15 најнеобични покриви и градби

Read more

Колку секс партнери се „премногу“? Научниците имаат точна бројка

Read more

Пратеничка ја удри струја во хрватскиот парламент

Read more

Фудбал

Шкендија ќе игра против Самсунспор во плејофот од Конференциската лига

Read more

Ловрен: Поразот во финалето на Мундијалот 2018 можеби беше политичка одлука

Read more

Милан испрати понуда до Партизан за Андреј Костиќ

Read more

Роналдо е најплатен спортист во 2025 година, заработи двојно повеќе од Меси

Read more
 

Спорт

Шкендија ќе игра против Самсунспор во плејофот од Конференциската лига

Читај повеќе
  • play_arrow

Ловрен: Поразот во финалето на Мундијалот 2018 можеби беше политичка одлука

Читај повеќе

Синер: Допинг скандалот и казната ме направија уште посилен

Читај повеќе
  • play_arrow

Уште во јануари падна забивањето на годината: Бекот на Орландо овековечи четворица на постер

Читај повеќе

Милан испрати понуда до Партизан за Андреј Костиќ

Читај повеќе

Роналдо е најплатен спортист во 2025 година, заработи двојно повеќе од Меси

Читај повеќе
  • filter

Времеплов: 76 години од потегот што го инспирираше логото на Panini

Читај повеќе

Баерн подготвува сензационален трансфер на Фернандеш

Читај повеќе
  • play_arrow

Боно со чудесна одбрана го однесе Мароко во финалето на АФКОН

Читај повеќе