Драстично расте бројот на заразени со сипаници: Каде е најлоша ситуацијата?

Бројот на заразени со морбили (мали сипаници) ширум светот порасна во првите три месеци од 2019 година за 300% во споредба со бројот на заболени лани во истиот период, соопшти вчера Светската здравствена организација.

Во првото тромесечје од оваа година, 170 земји пријавиле вкупно 122.000 заразени, во споредба со 28.000 колку што биле регистрирани во првите три месеци од 2018 година.

Во СЗО проценуваат дека реалниот број на заболени е десет пати поголел, со оглед на тоа дека само дел од заболените уредно се пријавуваат.

Заразата со сипаници е во пораст трета година по ред поради намалувањето на бројот на луѓе кои се вакцинирани против оваа болест.

Експертите нагласуваат дека болеста може успешно да се превенира ако се вакцинирани 95% од населението, но податоците покажуваат дека глобалното ниво на вакцинирани со првата доза од вакцината против сипаници е опаднато на 85%, а втората доза ја примиле само 67% од популацијата.

Каде е најлоша ситуацијата?

Речиси една третина од заболените од сипаници се хоспитализирани поради компликации што може да доведат до инвалидитет, оштетување на мозокот, слепило и губење на слухот.

Најмногу заразени има на Мадагаскар (70.000), во Украина (49.000), на Филипини (8.800) и во Венецуела (5.700).

Но, и некои земји од Југоисточна Европа – Албанија, Србија и Црна Гора – спаѓаат во земјите со најмногу заразени, со стапка од 300 до 470 заболени на 100.000 жители.

Бројот на нови заболени расте и во некои богати земји со висока стапка на вакцинирани, како САД и Израел.

СЗО нагласува дека од сипаници починале речиси 110.000 луѓе во 2017 година.

Каква е состојбата во Северна Македонија?

Од 6 до 12 април во државава се регистрирани 126 случаи на мали сипаници (лабораториски потврдени или поврзани со епидемиолошка врска), се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје.

Од вкупниот број новозаболени лица, 57 случаи се од Скопје, а 70 отсто од нив се непотполно вакцинирани, невакцинирани или со непознат вакцинален статус. Од останатите 69 заболени, 22 се од Куманово, 15 од Кичево, 12 од Струга, 10 од Тетово, по три од Велес и Прилеп, а по еден има од Гостивар, Крива Паланка, Струмица и Охрид.

Од почетокот на епидемијата во Скопје во декември 2018 година заклучно со 12 април се регистрирани 961 случаи на мали сипаници, од нив 682 се епидемиолошки поврзани и пријавени во епидемијата во Скопје.

Активни епидемии на мали сипаници во моментот има во шест здравствени региони и тоа во Скопје, Тетово, Куманово, Гевгелија, Кичево и во Струга.

реклама

Свет

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Read more

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Read more

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Read more

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Read more
 

Вести

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе