Дрејк на концерт му се заканил на маж кој сексуално вознемирувал девојки
Американскиот рапер Дрејк накратко прекинал концерт во Сиднеј затоа што маж сексуално вознемирувал девојки во публиката.
Во текот на изведувањето на хитот „Know Yourself“, Дрејк забележал дека нешто се случува во публиката, а потоа прекинал со пеење.
„Ако не прекинеш да ги допираш девојките, ќе се симнам и ќе те претепам. Не се шегувам“, рекол раперот, а потоа и го повторил предупредувањето.
Реакцијата на Дрејк доби многу позитивни критики на социјалните мрежи.