Музика

Дрејк со исповед за бившата Џеј Ло во новиот албум

19. март 2017 - 16:09 | А.С.

Јавноста во декември беше разбранувана од веста дека Дрејк и Џенифер Лопез се во врска, или барем соработуваат заедно на нови песни. Дрејк само што крена бура.

Двајцата се појавуваа заедно во јавност. Се гушкаа. Објавуваа селфи фотки. Наводната романса заврши (Џеј Ло наводно е во врска со бејзбол легендата Алекс Родригез), а од заедничка песна ни трага, ни глас.

Сепак, Дрејк пушти глас за Џенифер во новиот албум.

Во првата песна од албумот „More Life“, насловена „Free Smoke“ Дрејк рапува дека ѝ праќал на Џенифер пораки на пијано. Ама, Џеј Ло го сменила бројот.

"I drunk text J-Lo; Old number, so it bounce back; Boi-1da got the bounce back."

Има уште едно спомнување на бившата: во песната „Teenage Fever“ има семплови од класикот на Џенифер Лопез „If you had my love“, па на јавноста ѝ истанува само да продолжи со шпекулирање во каква врска беа двајцата музичари.

Коментирај