Дрим-тим во Лига Европа: Најдобрите 11 фудбалери кои не се дел од ЛШ

Неделава започнуваат европските клупски натпреварувања, а Лигата на шампионите веќе остави силен впечаток со изненадувачките резултати, забавните натпревари и црвениот картон на Роналдо. Лига Европа има далеку помалку квалитет, но тоа не значи дека во неа нема да играат фудбалери од светска класа.

Оваа сезона Челзи, Арсенал, Милан и Лајпциг се помеѓу главните фаворити за освојување на Лига Европа, а тоа е така бидејќи овие клубови имаат неколку врвни фудбалери во своите редови.

Идеалниот тим на играчи кои годинава ќе настапуваат во Лига Европа наместо во Лигата на шампионите навистина изгледа импресивно на хартија, до тој степен што може да се каже дека ваков состав со сигурност би отишол далеку во нокаут-фазата од ЛШ.

Голман

Џанлуиџи Донарума

Младата надеж на Италија настапува за Милан и се надева дека оваа сезона ќе ги оправда средствата кои клубот ги вложи во него по минатогодишниот инцидент во кој тој сакаше да го напушти Милано по секоја цена. Оваа сезона почна добро за него, иако тој уште не е во формата која е потребна за да биде сметан помеѓу најдобрите голмани во светот. Сепак, тој е најдобриот барем во ова натпреварување, па затоа е мојот избор за голот на идеалниот тим од Лига Европа.

Одбрана

Хектор Белерин

Десниот бек на Арсенал падна во формата минатата сезона, но влијанието на новиот тренер Унаи Емери изгледа како да му годи, па Белерин станува сѐ посигурен со настапите во црвениот дрес. Неговиот офанзивен талент, брзината и динамичноста го прават незапирлив по десната страна, каде се очекува да предизвика големи проблеми кај противничките одбрани.

Џонатан Тах

Германскиот стопер на Баер Леверкузен е една огромна машина во движење. Со висина од 194 цм и тежина од 92 килограми, тој може да го заплаши секој противнички напаѓач. Додадете ја на тоа и неговата агилност и брзина, и ќе добиете совршен, современ стопер со многу потенцијал, земајќи го во предвид фактот дека тој има само 22 години.

Алесио Ромањоли

Вториот и последен играч на Милан во идеалниот состав на Лига Европа е Ромањоли – вокалниот лидер на италијанскиот тим. Со само 23 години тој ја презема капитенската лента во Милан, а неговиот квалитет го докажува на секој натпревар со клубот или репрезентацијата на Италија.

Маркос Алонсо

Левиот бек на Челзи ја започна сезоната фантастично, постигнувајќи голови и асистирајќи за неговите соиграчи. Шпанецот често е критикуван поради неговиот дефицит како одбранбен играч, но тој ги надополнува неговите слабости во одбраната со одличен напаѓачки инстинкт и пеколно добра лева нога. Неговите слободни удари веќе му подарија на Челзи повеќе голови, а очекувам со истата форма да продолжи да настапува и во Лига Европа.

Среден ред

Димитри Паје

Минатосезонското финале во Лига Европа донесе огромно каење за Димитри Паје, кој се повреди и поради тоа го пропушти Светското првенство во Русија, каде неговата Франција стана светски првак. Сега, тој има нова шанса со Олимпик Марсеј да стигне до врвот на второто по ранг клупско натпреварување во Европа, а знаејќи колку е тој компетитивен, сигурен сум дека нема да попушти пред предизвикот.

Жоргињо

Италијанскиот репрезентативец со бразилско потекло летово направи трансфер во Челзи и оттогаш ја бранува Премиер лигата со неговата доминација на средината на теренот. Жоргињо е креативната сила на лондонскиот тим и тактиката на Маурицио Сари се спроведува на теренот преку него. Челзи е главниот фаворит за титулата, и тоа со право.

Емил Форсберг

Форсберг е катализаторот на секој напад на Лајпциг и шведската репрезентација, па затоа не треба да изненадува тоа што летово за него беа заинтересирани голем број европски тимови. Тој сепак остана во Германија, каде сака да му помогне на Лајпциг да стигне до успеси и трофеи, а каде има поголема шанса од Лига Европа?

Сергеј Милинковиќ-Савиќ

Пред да започне СП во Русија, името на Сергеј Милинковиќ-Савиќ се наоѓаше на скаут-листите на секој богат клуб од Европа. Тој е динамичен играч од средината со одлично око за гол, па затоа за него се вели дека потсетува на Марек Хамшик. Поради лошите настапи на Мундијалот интересот за него се „олади“, но тој и понатаму е истиот играч за кого пред неполни 6 месеци Лацио побара оштета од 100 милиони од Манчестер Јунајтед.

Еден Хазард

Убедливо најдобриот играч во оваа сезона на Лига Европа игра во тимот на Челзи. Еден Хазард летово беше обесправен во борбата за Златната топка на СП 2018, но се врати во сезоната подобар од било кога и почна да ги уништува противничките одбрани. Челзи има совршен скор од почетокот на сезоната, а Хазард и Жоргињо беа причината за нивните успеси. Токму поради разликата која ја прави Белгиецот на теренот, Челзи се главен фаворит за освојување на Лига Европа.

Напад

Пјер-Емерик Аубамејанг

Откако габонскиот напаѓач почна да постигнува голови во Сент Етјен, повеќе не застана. Сега е во Арсенал и ќе се обиде да му донесе трофеј на лондонскиот клуб по долги години пауза. Неговата фантастична брзина ќе му овозможи секогаш да биде на вистинското место пред противниците, но дали тоа ќе биде доволно за Арсенал да ја освои Лига Европа?

Во оваа листа можеа да влезат уште неколку играчи, како на пример Гонзало Игуаин, Месут Озил, Нголо Канте, Андре Силва и слично, но сепак сметам дека токму овие 11 играчи се индивидуално најдобрите кои оваа година ќе настапат во Лига Европа. Освојувачот на Лига Европа во наредната сезона ќе добие директен пласман во Лигата на шампионите, па затоа ова е мотив плус за овие играчи да покажат сѐ што имаат.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе