ДримОN фестивал од 25 до 29 јули под мотото „Култура сега!“

Под мотото „Култура сега!“, од 25 до 29 јули ќе се одржи шестото издание на фестивалот за процесирање култура ДримОN, како апел дека е доста со запоставување на оваа важна гранка во општеството и дека мора веднаш да се дејстува за нејзино издигнување од пепелта.

Се апелира за културни настани и во провинцијата, за кварт на култура во Струга, деметрополизација, современост, интердисциплинарност, интеркултура, уметничка автономија, за унапредување и оплеменување на културните институции, за право на култура до сите.

„Гласот ќе го артикулираме преку петдневна програма богата со книжевни промоции, дискусии, музички концерти, театарски претстави, дискусии, изложби. Изданието се создаваше во соработка со клучните гласови од независната културна сцена, кои се заслужни за идејата да се превртат концептите на културните политики и да се постават нови постулати и стандарди насочени кон врвност, современост и европска вредност. ЈАДРО асоцијација на независната културна сцена; Локомотива – центар за нови иницијативи во уметноста и културата; Desonanz, издавачите Темплум, Три, Или- Или и фондацијата Славко Јаневски“, велат организаторите.

Фестивалот е во организација на здружение Иницијатива за независен културен активизам ИНКА Струга, во копродукција со НУЦК „Браќа Миладиновци“ поддржан од Министерство за култура на Република Македонија, преку годишниот конкурс за интердисциплинарни проекти, како и од фондацијата Отворено општество Македонија, за проектот „Заедничка платформа за култура – култура до сите!“

ПРОГРАМА:

25 јули – СРЕДА

Учествуваме, застапуваме, менуваме

12.00 Балон Арт - детска работилница (5-9г.) со Порака Нова

13.30 Откриваме музејски тајни: Разбој и праистористко ткаење (6-12г.) со НУМ „Никола Незлобински“ Струга

14.00 Учествуваме, застапуваме, менуваме - ЈАДРО Работилница за демократизација и децентрализација на јавните простори и јавните добра преку нов модел на институции и јавно-цивилно партнерство.

19.00 Рок енциклопедија книжевна промоција

20.00„Ехо на слободата“ на Ана Јовковска

Книжевна промоција со издавачка куќа „Три

21.00 Ликовна изложба на Антони Мазневски

22.00 Македокс филмски маратон

26 јули ЧЕТВРТОК

Тампонирани добра

12.00„Струшки јавачи“ Детска авантура со Бујар Саити (9-14г)

13.30 Откриваме музејски тајни: Разбој и праистористко ткаење (6-12г.) со НУМ „Никола Незлобински“ Струга

17.00 Архилаб – мапираме јавни простори за независната сцена

9.00 Изложба на плакати од кампањата КУЛТУРА СЕГА, - Заедничка платформа за култура - култура до сите

19.30 УНЕСКО регион -Мачкање очи/потенцијална стварност

Дебата со Aлександра Бубевска

+ Изложба на активистички плакати з.г. АКВА Струга

21.00 Бог на масакрот - театарска претстава Режија: Нела Витошевиќ

Народен Театар Штип Главна сцена - центар за култура

22. 00 Ликовна изложба на Никола Радуловиќ

22.30 I tpame-I tvrame музички концерт

27 јули ПЕТОК

Димитрие Дурацовски

12.00 „Струшки јавачи“ Детска авантура со Бујар Саити

13.30 Вовед во театар на сенки - детска работилница (6+) со театар Сенки и облаци

17.00 Архилаб

14.30 Додека кореографијата остануваше заглавена јас надвор танцував - работилница за современ танц со Александар Георгиев и Дарио Бардам

19. 00 Малиот Принц

Претстава за деца Театар „Сенки и облаци“ Главна сцена - центар за култура

19.00 Едиција „Лифт“ книжевна промоција

20.30 Собрано творештво на Димитрие Дурацовски книжевна промоција со издавачка куќа Темплум

21.30 Инсталација - Антонио Пирковски

22.00 Linkoln letter музички концерт

22.30 Горан Трајкоски музички концерт

28 јули САБОТА

Иднината е сега

12.00 „Струшки јавачи“ Детска авантура со Бујар Саити

17.00 Архилаб

14.30 Додека кореографијата остануваше заглавена јас надвор танцував - работилница за современ танц со Александар Георгиев и Дарио Бардам

19.30 КУЛТУРА СЕГА! Дебата со Aлександра Бубевска

21:00 Ликовна изложба на Миле Нически

22.00 MOTUS LUMINA видео арт инсталација

01.00 Shifted музички настап во соработка со Десонанц

29 јули НЕДЕЛА

Касни култура

14.30 Додека кореографијата остануваше заглавена јас надвор танцував - работилница за современ танц со Александар Георгиев и Даро Бардам

17.00 ПРЕЗЕНТАЦИИ од ДримОН работилниците

- Промоција на резултатите од лабот

- Кореопрезентација

- Доделување сертификати од Детската Авантура

19.30 РОМАН НА ГОДИНАТА „Одбројување“

На Фросина Пармакоска книжевна промоција со Фондација „Славко Јаневски“

20.30 ИСЦЕЛИТЕЛ - целовечерен филм

Q/A Исцелител со режисерот Ѓорче Ставрески

23.00 ЈАДИ ПО ТРО - арт кујна со Печур и Давид

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Култура

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Read more

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Read more

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Read more
 

Вести

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе