Авто новости

Drive Recorder на BMW како црна кутија во случај на сообраќајка

11. декември 2019 - 15:28 | А.С.

BMW во своите најнови модели ја нуди опцијата Drive Recorder која ги чува снимките од вградената камера пред и по евентуален удар на возилото.

Благодарение на брзиот напредок на помошната технологија за автомобили, производителите нудат сѐ повеќе функции што се достапни преку мултимедијалниот систем во возилото.

Така на пример, BMW во почетокот на годинава во рамки на најновиот мултимедијален систем iDrive 7.0 им овозможи на сопствениците на модели од Series 3, Series 7, Series 8, како и на SUV возилата X5 и X7 да ја користат опцијата Drive Recorder.

Функцијата Drive Recorder е базирана на веќе постоечките камери во овие возила кои го снимаат просторот околу автомобилот во опсег од 360 степени, а служи за да може тие снимки по потреба да се зачуваат и во случај на сообраќајка да се искористат за разјаснување на околностите.

Во автомобилите на BMW оваа опција е достапна во пакетот Parking Assist Plus и овозможува автоматско зачувување на 40 секунди видеоснимка – 20 секунди пред и по незгодата.

Системот може да се нагоди и мануелно, преку менито на iDrive. Снимкатаа може да се префрли подоцна на надворешна USB меморија.

BMW не е прв производител кој ја овозможува оваа опција налик авионска црна кутија - Tesla понуди слична функција уште пред неколку години.

Коментирај