Дрога и цигари: Што навистина шмркаат и дуваат актерите во филмовите?

Додека пушењето цигари е забрането кај повеќето телевизиски серии, режисерите на филмови не сакаат да се откажат од кинематографската убавина на прикажување луѓе како пушат цигари. Но, што навистина користат актерите додека глумат дека пушат или се дрогираат?

Сцените со чад од цигари, прикажувањето на опојното дејство на марихуаната или пак хардкор дрогирањето со хероин или кокаин од многу одамна им претставуваат задоволство на режисерите, кои како да чекаат нова шанса да ги снимат ваквите сцени на што е можно покреативен начин.

Но, поради правилата кои се поставени во филмскиот свет, актерите мораат да користат замени за цигарите и разните опојни супстанци.

Цигари

До средината на 90-те, сите користеле вистински цигари. Единствено што требало да направи филмската компанија е да се јави на некој производител на цигари и да побара од него неколку кутии цигари, и производителот му ги давал бесплатно.

Но, сега работите се сменети, па во повеќето филмови се користат цигари направени од растенија и тревки, кои се многу поздрава алтернатива. На пример, Лиам Нисон на снимањето на филмот „Non Stop“ пушел цигари од сушена камилица, кои рачно ги виткала екипата која го снимала филмот.

 

Марихуана

Скоро сите филмови користат лажна марихуана, која (барем на камера) изгледа исто како вистинската. Во Холивуд се користи лажна марихуана направена од компанијата International Oddities, од каде тврдат дека нивната марихуана може да предизвика природен „high“, но не доволно голем за да го наруши снимањето.

 

Кокаин

Порано најпопуларниот избор за замена на кокаин беа млекото во прав и прашок за пециво, но сега наместо нив се користи иноситол, прашок богат со витамин Б кој се користи и за „сечење“ на вистински кокаин.

За време на снимањето на филмот „The Wrestler“, Мики Рурк добил напад на анксиозност кога шмркнал од прашокот. Агентот не знаел дека тој има проблеми со анксиозност, па дури подоцна му кажал дека тоа било предизвикано од прашокот.

Хероин

Скоро никаде не се користат прашоци и течности кои актерите ги вбризгуваат во вена, туку се користат само шприцови со лажна игла за да се долови моментот во кој ликот користи шприц. Потоа, течноста во шприцот компјутерски се генерира и се додава во пост-продукција.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Филм & ТВ

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Read more

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Read more

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Read more
 

Сцена

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Анистон изненади со изгледот на насловна: Како толку се подмлади?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скарлет Јохансон и Ченинг Тејтум ве носат на Месечината во филм за настанот од 1969

Читај повеќе