DroneGun – пушка против дронови
Австралиската компанија DroneShield создаде пушка дизајнирана да им прави проблеми на дроновите, но не и да ги урива. Доколку несаканото летало се најде на дострел на пушката, таа ќе го натера на вертикално слетување. Нејзиниот домет е два километри.