Градот Њујорк воведе нов систем за предупредување за поплави и тешки временски услови користејќи дронови, но имаше дефект. Жителите во средата забележаа еден од новите дронови кои предупредуваа населби на англиски и шпански, но шпанскиот јазик беше неразбирлив.
Немаше проблеми со „англиската верзија“, бидејќи предупредувањата за силен дожд беа јасни и разбирливи. Шпанскиот јазик звучеше „роботски“.
„Многу сум горд на она што го направи нашиот тим за да се подготви за оваа бура, но ова не требаше да се случи и ќе се погрижиме да не се повтори“, рече Зак Искол, комесар на одделот за итни случаи.
Thanks for flagging this. I’m very proud of the work our team has done preparing for this storm, but this shouldn’t have happened and we’re going to make sure it doesn’t happen again.
— Zach Iscol 🗽🍎 (@zachiscol) August 6, 2024
Градските власти испратија беспилотни летала околу 13 часот за да ги предупредат жителите, потврди градоначалникот Ерик Адамс. Тој претходно во служба на њујоршката полиција воведе безбедносен робот кој патролира по станицата на метрото на „Тајмс Сквер“, како и контроверзниот Spot Robot познат како Digidog, за да може да се користи во опасни ситуации како што се заложнички кризи.