Дронови за инспекција во токиското метро
Токио воведе дронови во подземните железници за преглед на целата структура. Бројни тунели, сервисни цевки, електрични инсталации и непрегледни вентилациски канали се протегнуваат илјадници километри во подземната железница под јапонскиот главен град.
Досега сето тоа го надгледуваа луѓе кои деноноќно вршеа инспекции, се искачуваа насекаде и не само што се трошеше време туку беше и многу опасно бидејќи често задачите се вршат на висини од над 5 метри.
За да се зголеми ефикасноста на инспекциите и да се овозможи поголема безбедност на луѓето градските власти воведоа посебни дронови кои веќе започнаа да работат на критични локации.