Американската актерка Дру Баримор во радиоемисијата на Хауард Стерн откри дека била примена во психијатриска установа на 13 години.
„Се забавував во клубови, не одев на училиште, ѝ го украдов автомобилот на мајка ми, бев надвор од контрола“, изјави 46-годишната Баримор, чие бурно тинејџерско минато е познато на јавноста.
Почна да глуми во раното детство, а кога глумеше во филмот „Е.Т.“, стана една од најголемите детски ѕвезди во Холивуд. Таа рече дека останала во психијатриската установа Ван Најс 18 месеци.
„Таму веќе немаше зафркавање. Ако правевте глупости, завршувавте во изолирана просторија или ограничување на движењето со врзување“, открива таа.
Исто така објасни зошто мајка ѝ Џејд Баримор ја сместила во таква институција.
„Мислеше дека создаде чудовиште и не знае што да прави со мене. Тоа беше нејзиниот очајнички обид и навистина бев надвор од контрола. Ѝ простувам за таквиот избор. Веројатно чувствувала дека нема кому да се обрати“, рече актерката.
Ѕвездата на филмовите „Charlie’s Angels“, „Е.Т.“, „Scream “ и „Never Been Kissed“, подоцна ги прекинала сите врски со мајка ѝ, а потоа ги средиле меѓусебните односи.
„Денес ја разбирам, чувствувам љубезност и емпатија кон неа“, рече таа.
И покрај застрашувачкото искуство, таа вели дека престојот во психијатриска установа е најдоброто нешто што можело да ѝ се случи.
„Во некоја болна смисла, не ми се случило ништо подобро во животот затоа што ме олади и смири“, заклучи Дру Баримор.