Зошто другарството е најважно во љубовната врска?

Ако не сте сигурни дали актуелниот партнер е „оној вистинскиот“ за вас, најновите научни истражувања покажуваат дека сѐ се сведува на еден клучен фактор: Дали таа личност ви е најдобриот другар?

Истражување за бракот и среќата спроведено на илјадници двојки, на економистот Џон Хеливел од Универзитетот на Британска Колумбија и коавтор на Светскиот извештај за среќа на Обединетите нации, даде докази дека цврстото пријателство меѓу партнерите е поважно за степенот на задоволство во љубовната врска во споредба со други фактори, како на пример дали двојката е во брак или не.

„Изгледа најважно во врската е другарството и да не се заборави тоа во соочувањето со секојдневието“, вели Хеливел за New York Times.

Хеливел дојде до овој заклучок откако со неговиот истражувачки тим анализираше податоци од две обемни британски истражувања и Светската анкета на Gallup. Откако биле земени предвид параметри како возраст, пол, приходи и здравјето на испитаниците, тимот открил дека најсреќните двојки рекле дека партнерот им е и најдобар другар.

Двојките кои живееле заедно во вонбрачна заедница и се изјасниле дека си се најдобри другари биле подеднакво среќни како и двојките кои биле најдобри другари и во брак, покажаа резултатите.

„Она што најмногу ме заинтригира кај резултатите беше што почнав да го преиспитувам бракот како целина“, вели Хеливел.

Тој не е единствениот кој почнал да го преиспитува значењето и вреднувањето на бракот.

Бела Депауло, психолог од Универзитетот на Калифорнија во Санта Барбара, неодамна анализирала обемно истражување од 2012 година во кое биле опфатени 20 истражувања на двојки во брак и разведени двојки. Таа заклучила дека бракот не ги прави двојките посреќни, туку напротив, може да ги направи понесреќни.

„Со исклучок на тој првичен, краток период на ‘меден месец’ што влијае на задоволноста од животот, стапувањето во брак не резултирало со станување посреќен или позадоволен. Всушност, во поглед на задоволност од животот и од врската, траекториите со тек на време се насочиле кон ‘понезадоволни’“, вели таа во нејзиниот текст за Psychology Today.

Оваа идеја е поткрепена од истражување од 2011 година за влијанието на среќата од големи животни настани, што покажало дека двојките кои стапуваат во брак генерално се чувствувале помалку среќни во животот со тек на време.

Истражувањето на Хеливел, заедно со едно истражување на двојки од САД од 2012 година, укажуваат дека живеењето со партнерот без стапување во брак можеби ви е најдобра шанса за здрава и долга врска. Истражувањето покажа дека од сите испитани двојки, оние кои живееле заедно, но не биле во брак, имале највисоко ниво на самодоверба и општо чувство на среќа во животот.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Љубов и секс

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more

Венера во Овен до 29 април: 4 хороскопски знаци ќе доживеат големи промени во љубовта

Read more

Дали го знаете правилото 7-7-7? Може да го спаси бракот!

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе