Државата ќе набави и 500 илјади Sinovac вакцини, со тоа ќе се обезбедат вкупно 2,6 милиони дози

Очекуваме во текот на овој месец да стигнат првите 20-25 илјади од вкупно 100 илјади вакцини од Европската Унија и сите 200 илјади вакцини од Кина, како и следните количини од Спутник V и вакцините од Pfizer, од кои имаме нарачано 800 илјади. Ќе се набават и дополнителни 500 илјади од втората кинеска вакцина Sinovac, со што ќе се заокружи бројката од 2,6 милиони вакцини, за 1,3 милиони граѓани, изјави премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашање по пристигнувањето на нови вакцини од Србија.

Од нашите набавки на вакцини досега имаме добиено два пати по 3.000 од Спутник V и 24 илјади од КОВАКС механизмот, додека во текот на мај, премиерот изрази уверување, дека ќе стигнат и дополнителни количини.

–  Со сѐ поголемиот интерес на граѓаните веруваме дека ќе стигнеме до милион и триста вакцинирани граѓани. Многу е важно да ги покриеме сите тие периоди, за континуитет на целата вакцинација, од прва и втора компонента. Има дел од вакцините кои што се примаат како втора компонента меѓу 8 и 12 недели, како што е AstraZeneca, а другиот дел се две до три недели, рече Заев.

За сите нарачани вакцини, посочи Заев, се обезбедени финансиски средства.

–  Дел се плаќаат од Буџетот, дел се од донацијата од ЕУ, а дел се кредитот на Светска банка, кој го имаме обезбедено. Доколку има потреба од дополнителни финансиски средства со ребалансот на Буџетот ќе ги проектираме, рече Заев.

Во однос на процесот на имунизација во салата „Борис Трајковски“, министерот за здравство Венко Филипче, рече дека вчерашниот ден поминал прилично успешно и без проблеми.

–  Приметивме дека околу 20 проценти од веќе закажаните не се јавија за вакцинирање. Вакцината Спутник V е нешто специфична, после отворањето има два часа да се аплицира целата содржина од вијалата, која содржи 10 дози. Согласно тоа, сметаме дека е идеално да биде на едно место и затоа вакцинирањето ќе почне во салата „Борис Трајковски“, изјави Филипче.

Вакцинирањето, посочи Филипче, ќе биде организирано преку закажување на системот „Мој Термин“ и директно во институциите со кои комуницираат, за вработените во МВР, дел од Армијата, судовите, обвинителството, вработените на патарина, царина и УЈП, возачите во јавен транспорт…

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе