Државна видеолотарија не троши државни пари

Во време на предизборна трка, пропагандните механизми се вклучија, со цел да ја манипулираат јавноста. Шпекулација е пренесената изјава на двајцата пратеници од опозицијата.

Државна видеолотарија е трговско друштво со ограничена одговорност, во која државата е застапена со 51% преку Државна Лотарија, а 49% е приватен странски капитал. Компанијата е основана во јули 2014. Ние не сме буџетски корисник. Напротив, ние придонесуваме за раст на приходите на државниот буџет. Во 2019 по основ на данок на добивка, данок на личен доход, посебна давачка од игри на среќа, ДДВ и дивиденда, Државниот буџет од Државна видеолотарија се дополнил со 750.966.809,00 денари.

Како општествено одговорно компанија настојуваме да бидеме одговорни кон ранливите категории во нашето општество, но и да придонесеме за унапредување на спортот, образованието и културата. Државна видеолотарија е единствена компанија која развива и применува програма за одговорно играње во земјава.

Врз основа на постигнатите резултати од 2018 година, друштвото Државна видеолотарија, е регистрирана како 23 најуспешна компанија во земјава, која успешно се бори на пазарот на игри на среќа со приватниот сектор. Со цел да можеме да го обезбедиме нормалното работење на нашата компанија, сите набавки, ги реализираме согласно регулативата за јавни набавки.

Набавката која стана дел од пропагандниот наратив на опозицијата пред избори е манипулација. Државна видеолотарија не троши државни пари, ние не сме буџетска институција.

Јавната набавка е согласно планот за јавни набавки од јануари 2019. Набавката е рамковна за период од 2 години (сукцесивна согласно потребите на друштвото). Целата процедура за набавка е транспарентна и согласно законот. 

Тендерот првично беше објавен на 14 октомври 2019, но не се јави ниту еден заинтересиран, поради што целата постапка се повтори. Бирото за јавни набавки изврши управна контрола на постапката која резултираше без суштински забелешки на постапката.

Постапката беше повторена на 04.12.2019, а во текот на оваа постапка повторно беше извршена управна контрола на бирото за јавни набавки, од која и во овој случај немаше забелешки. На ова постапка, пристигна само една понуда која ги задоволуваше бараните критериуми, по што е потпишана рамковната спогодба за реализација на јавната набавка.

Потенцираме дека спогодбата се однесува на временскиот период од две години, во кој сукцесивно ќе вршиме набавка согласно потреби на работењето на компанијата. Ова значи дека нема веднаш да бидат набавени 1500 апарати, туку ќе се набавуваат апарати согласно потребите на друштвото за нормално функционирање на истото.

*Промотивен текст

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Read more

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Read more
 

Вести

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе