Државниот правобранител бара ДКСК да ги суспендира Бубевски и Ајро

Државното правобранителство од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) побарало да донесе одлука за суспензија на обвинителите од ОЈО Скопје Гаврил Бубевски и Артан Ајро поради сомневања за судир на интереси во врска со случајот „Трансмет“.

ДКСК вели дека нема таква надлежнот и оти забрана за привремено вршење на јавнообвинителска дејност согласно закон може да изрече јавниот обвинител на Република Северна Македонија.

Владимир Георгиев, член на ДКСК, појасни дека Државното правобранителство до ОЈО за гонење организиран криминал и корупција ја информирак Комисијата оти поднело кривична пријава против Гаврил Бубевски и Артан Ајро за кривични дела во предметот „Трансмет“.

-Државното правобранителство според пријавата имало сознанија дека во ОЈО Скопје се води постапка околу имотот на „Трансмет“ и стечајот и затоа има сомневање на постоење на судир на интереси на обвинителите ги прибавувале сите предмети и стечајниот предмет. Оттука, Државното правобранителство смета дека постои опасност овие лица да ја доведат во опасност целата постапка која е отворена против нив и од ДКСК бара веднаш тие да бидат суспендирани од нивната положба до завршување на целокупната постапка, рече Георгиев на денешната седница на ДКСК.

Тој додаде дека по разгледување на наводите во пријавата и во однос на тоа како е дефиниран судирот на интереси, во случајот повеќе станува збор за изрекување забрана, бидејќи, како што истакна, по вакви постапувања треба да се донесе стручна забрана доколку е вмешано лицето против кого се води постапка.

-Дополнително на ова во Законот за ЈО член 81 став 3 се вели дека одлука за оддалечување од вршење на јавнообвинителската функција донесува ЈО на РСМ со образложение за супензијата на јавнообвинителската функција. Основаноста на барањето за суспензија може да ја цени само ЈО на РСМ и да донесе отаква одлука. Сметаме дека ние како ДКСК немаме ингеренции за надлежно пстапување, истакна членот на ДКСК, Георгиев. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе