Државните институции потрошиле 8 милиони евра за нови возила за 2 години

Во последните две и пол години државните институции набавиле вкупно 392 нови патнички возила за што потрошиле 8,1 милиони евра, покажуваат податоците од истражувањето и базата на податоци што денеска ги објави Центарот за граѓански комуникации (ЦГК).

-Една четвртина од набавените нови возила се поскапи од 30.000 евра. Најмногу нови возила набавила владината Служба за општи и заеднички работи, 46 „пасати“ по 39.000 евра секој. Сепак, најскапото возило го купило Општина Струга и чинело 66 илјади евра. Средната вредност на возилата купени од државните институции изнесува 17 илјади евра, покажуваат податоците.

ЦГК наведува дека меѓу марките возила убедливо водат Škoda и Volkswagen од кои се купени 100, односно 88 нови возила, односно скоро половина од сите новонабавени возила се од овие две марки. Кај Volkswagen води моделот Passat со 53 возила, додека половина од набавените возила од марката Škoda се од моделот Octavia.

Од фирмите, најголема вредност на договорите имаат „Порше лизинг“ со три милиони евра, кумановската „Делукс-ауто“ со 1,2 милиони евра, „Еуроимпекс“ со 890 илјади евра и битолската „Јосифов“ со 720 илјади евра.

-Конкуренцијата на тендерите за набавка на нови возила речиси и да не постоела. Дури на 71 отсто од тендерите имало само по една понуда и покрај големиот број дистрибутери на нови возила во земјава. Ова го отвора сомнежот дека државните институции доминантно си купувале такво возило какво што сакале, наведува ЦГК.

Центарот за граѓански комуникации наведува дека истражувањето е реализирано во рамки на активноста Јавно трошење за јавно добро, поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество, со цел зголемување на ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста. 

реклама

Како намалувањето на внесот на кофеин влијае на телото?

Read more

Која е разликата меѓу прашок, течен детергент или капсули за перење алишта?

Read more

Казнети возачите што вееја знамиња на улица и блокираа сообраќај во Скопје

Read more

Хегсет: Егзекуцијата со стрелање на поранешниот мајор ќе ја пренесуваме во живо

Read more

Македонија

Левица: Партијата која ги распродаде фабриките и остави илјадници стечајци не може да држи лекции за минимална плата

Read more

Од понеделник Безбеден град во Охрид

Read more

Потрошени над 340 милиони денари за прославата за 35 години независност, Митева го објави финансискиот извештај

Read more

Бугарија инсистира на гарантирање на правата на Бугарите; Петрова категорична, нема повторно преговарање за обврските на Македонија

Read more

Вести

Левица: Партијата која ги распродаде фабриките и остави илјадници стечајци не може да држи лекции за минимална плата

Читај повеќе

Од понеделник Безбеден град во Охрид

Читај повеќе

Потрошени над 340 милиони денари за прославата за 35 години независност, Митева го објави финансискиот извештај

Читај повеќе

Бугарија инсистира на гарантирање на правата на Бугарите; Петрова категорична, нема повторно преговарање за обврските на Македонија

Читај повеќе

Холанѓанец на боледување истрчал маратон и добил отказ, судот пресудил во негова корист

Читај повеќе

Ѓорѓиевски: Пристигнаа 3.300 нови контејнери за Скопје, најголема набавка во историјата

Читај повеќе

В недела дел од мостот Близнак ќе биде затворен поради поправка на оградата

Читај повеќе

Градоначалникот Кличко: Денес станува збор за опстанок – оние што можат, треба да го напуштат Киев

Читај повеќе

Томографот на Клиниката за радиологија е пуштен во употреба, тој на Хирургија сè уште се поправа

Читај повеќе