Дуа Липа го објави спотот за „Physical“
Славната пејачка Дуа Липа го претстави спотот за песната „Physical“ од новиот албум „Future Nostalgia“.
Станува збор за втора песна од овој албум, првата објавена е со наслов „Don’t Start Now“.
„Спотот за „Physical“ е конечно објавен. Бев многу возбудена и едвај чекав да бидат објавени песната и спотот. Особено сум среќна и задоволна што имав можност да работам со неверојатен тим. Ве сакам!“, напиша пејачката на Instagram.