Дуа Липа ја отвори Пандорината кутија за Косово и „Голема Албанија“

Не стивнува бурата што ја разбранува британската пејачка со албанско потекло Дуа Липа, која побара од компанијата Apple да ја стави на мапа Косово како независна држава, но во други граници од постојните.

Дуа Липа, која има статус на една од најпопуларните поп-пејачки во светот во моментов, пред неколку дена на Twitter и на Instagram објави фотографија со која ја промовира политичката идеја за „Голема Албанија“ која би опфатила делови од денешна Србија, Грција, Република Северна Македонија и Црна Гора, со коментар дека косовските Албанци се „староседелско население“ на оваа територија.

URL

24-годишната Дуа е родена во Велика Британија, а нејзините родители се косовски Албанци кои заминале од Приштина во 1992 година.

Овие објави предизвикаа бурни реакции кај корисниците на социјалните мрежи, но и бројни јавни личности, меѓу кои и британскиот новинар Сем Стрит кој искоментира дека Дуа Липа „ги нарекува овие нации мигранти или колонисти, што е прилично иронично за Албанка родена во Вестминстер, Велика Британија“.

Дуа Липа доби поддршка од низа нејзини колешки со албанско потекло и светска слава.

На пример, Рита Ора, која има 6,7 милиони следбеници на Twitter објави фотографија на која пишува „Ставете го Косово на мапа“ и ја тагна компанијата Apple и неколку популарни пејачки со албанско потекло: Бебе Реџа, Ава Макс, Дафина Зеќири, Ера Истрефи и Дуа Липа.

URL

Таа во објавата нагласи дека е за ширење „љубов, мир и единство“, а Ава Макс ја ретвитна објавата.

Поостра беше Дафина, која напиша: „Apple, чекаме... ова е срамота! Најмногу бидејќи станува збор за американска компанија, а САД ја признаа независноста на Косово на 17 февруари, 2018 година. Зошто уште нѐ нема на мапата?“

URL
реклама

Музика

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Read more

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Read more

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Read more

Тејлор Свифт за прв пат на листата на милијардери на Forbes

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе