Британската поп ѕвезда, Дуа Липа смета дека е достојна да ја наследи кралицата на поп музиката, Мадона.

Ова го откри Бен Мејсон, менаџерот на пејачката. Тој ќе ѝ помогне на Дуа Липа да оствари соработка со Мадона чија музика е инспирација за младата пејачка.
„Кога ја запознав, Дуа ми рече дека сака да биде како Мадона. Тогаш таа имаше само 17 години, но начинот на којшто ми го рече тоа ме натера да ѝ поверувам. Дуа има сè – талент, харизма, натпреварувачки дух и огромен потенцијал“.
Менаџерот додаде дека ќе ѝ испратат мејл на Мадона со предлог за соработка.
Дуа откри дека нејзиниот актуелен албум „Future nostalgia“ e инспиран од албумот на Мадона „Confessions on a dance floor“ од 2004 година. И двата албума доживеаја огромен успех ширум светот.