DuAxel, ровер кој се трансформира за истражувачките мисии на НАСА
Во склоп на мисијата Artemis, вселенската агенција НАСА разви прототип на DuAxel, модуларен ровер кој по потреба се раздвојува. Едниот дел се однесува како сидро, а другиот дел како истражувачка сонда.
Моментално роверот се тестира во пустината Мохаве во Калифорнија. DuAxel е дизајниран да истражува кратери и различни екстремни терени. Во видеото ќе го видите DuAxel во акција, роверот користи бројни сензори и механики за задачите кои ќе ги врши на најтешко достапните терени на Месечината или на Марс, па и пошироко.