Архитектура

Дубаи ќе го добие највисокиот хотел во светот

14. јануари 2020 - 19:48 | Б.С.Б.

Дубаи е познат по неверојатната модернистичка архитектура и блескавите облакодери, а сега ќе го добие и највисокиот хотел во светот, на висина од 356,3 метри.

Интересно е тоа што Дубаи сега е дом на шесте највисоки хотели во светот. Моментално се градат седум облакодери низ градот, со висина над 309 метри.

Трката по висина почна во 1999 година кога беше отворен Бурџ Ал Араб, тогаш највисокиот хотел висок 321 метар.

Новиот највисок хотел наречен Ciel Tower е дизајниран од архитектонската компанија Norr. Градбата треба да биде завршена во 2023 година кога ќе достигне 360 метри. Во неа ќе има 1.042 соби и апартмани распоредени на 82 ката.

Меѓу неверојатните карактеристики е и стаклената платформа за набљудување Sky Terrace, која овозможува поглед од 360 степени на градот.

Коментирај