Популарната босанска група го претстави видео записот за песната „Space Song“, која е дел од нивниот „неколкупати ненаградуван“ албум „#fakenews“.
„Босанската вселенска агенција (БОСА), за чие постоење досега се шпекулираше по медиумите, ги лансираше првите босански астронаути во вселената! Во нивното прво обраќање до јавноста тие истакнаа дека 'Ова е мал чекор за странците, но голем за Босанците'“, се вели во соопштението на „Dubioza kolektiv“.
Доколку го читате ова со неверување - делумно имате право. БОСА е вистинска институција, но засега само во новиот спот на „Dubioza kolektiv“. Членовите на бендот ја коментираа целата мисија:
„Развојот на вселенската програма бара долгогодишна работа и огромни суми пари што ги немаме во Босна. Затоа, Босанската вселенска агенција се сврте кон усовршување на производството на халуциногени вселенски колачиња, со кои секој може ефтино и безбедно да патува до вселената и назад. Бидејќи многумина и онака не веруваат дека човекот слетал на Месечината и дека мисиите на Apolo биле исценирани, нашата вселенска програма од старт се потпре на овие факт и со тоа им заштеди пари и ресурси на даночните обврзници. Зошто да праќање луѓе на Месечината кога половина од народот и онака нема да верува дека сме биле таму!?“, велат тие.