Џуди Денч со 85 години на насловната на Vogue: Не се пензионирам!

Дамата Џуди Денч на 85 години блеска на насловната страница на британскиот Vogue.

Со тоа британската актерка и активистка стана најстарата ѕвезда од насловната страница во 104-годишната историја на „модната Библија“.

По речиси 60 години филмска и театарска кариера, Денч влезе и во модната историја со тоа што е фокусот на јунското издание на британскиот Vogue.

Во централниот прилог за списанието, оскаровката исто така е децидна дека не размислува за пензионирање.

„Не, не, не, не! Не го кажувај тој збор во куќава“, низ смеа вели Денч, па го цитира Дилан Томас: „’Rage, rage against the dying of the light’ (Пркоси, пркоси на згаснувањето на светлината). Нема поголема вистина од тоа.

Денч е во самоизолација во нејзиниот дом поради пандемијата со COVID-19.

„Сигурна сум дека се чувствувам како повеќето луѓе, тешко е да се сфатат вакви невидени времиња. Ако има нешто добро во целото ова е што луѓето се повеќе свесни за тешкотиите со кои се соочуваат луѓето кои се сосема сами. Ако станеме подобри едни со други после ова, тоа ќе биде плус“, вели дамата Денч.

Џуди Денч дебитираше на театарската сцена во 1957 година, а првата филмска улога ѝ беше во 1964 година во „The Third Secret. Од бројните улоги оттогаш, за пошироката публика е најпозната по филмовите за Џејмс Бонд, како и филмот „Shakespeare in Love“ што ѝ донесе Оскар во 1998 година.

Remote video URL
Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Филм & ТВ

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Read more

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Read more

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Read more
 

Сцена

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Анистон изненади со изгледот на насловна: Како толку се подмлади?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скарлет Јохансон и Ченинг Тејтум ве носат на Месечината во филм за настанот од 1969

Читај повеќе