ДУИ: Меџити, кој е симбол за корупција, две децении ги држеше највисоките позиции во нашата партија

Изет Меџити, личност која две децении ги држеше највисоките позиции во Демократската унија за интеграција, денес, без срам зборува за разбивањето на митот за ДУИ, велат од Демократската унија за интеграција.

„Две децении Меџити ги искористуваше позициите што му ги даде ДУИ – како потпретседател на партијата, претседател на огранокот на Чаир и три мандати како градоначалник – за остварување на личните интереси и интересите на неговиот фамилијарен клан. Но, луѓето не се наивни. Албанците добро знаат дека Меџити е симбол на корупцијата, непотизмот и лошото владеење. Тој е лицето на она што го попречуваше развојот и напредокот на Албанците во Чаир и пошироко. Сега, со неговите празни зборови за 'разбивање на митови', тој се обидува едноставно да ја сокрие неспособноста и неуспехот да се прилагоди на новите стандарди за отчетност“, велат од ДУИ.

Како што додаваат, Меџити нема никакво морално право да зборува за ова. Неговиот револт е всушност незадоволството што тој не можел да биде дел од владата на ДУИ, а причината е јасна: тој не успеал да го помине тестот за интегритет и транспарентност што ДУИ и поширокиот процес на проверка за борба против корупцијата го бараат од секој претставник на партијата и на граѓаните.

„Изет Меџити не ја задржа својата позиција, не затоа што ДУИ е 'мит', туку затоа што неговите постапки и начинот на работа не се совпаѓаа со новите стандарди за транспарентност и одговорност. Токму поради оваа причина тој одлучи да ја напушти партијата и да ја создаде својата, со единствена цел – да влезе во влада по секоја цена, без оглед на недостатокот на легитимитет. ДУИ останува посветена на принципите на транспарентност, борба против корупцијата и одговорност“, велат Интегративците.

Во нивното партиско соопштение се додава дека граѓаните заслужуваат политичари кои ги претставуваат нивните интереси, а не личните агенди.

„Албанците нема да бидат измамени од политичари како Изет Меџити, кој ја изгради својата кариера врз злоупотреби и манипулации, а сега се обидува да ја обвини партијата за своите грешки. Времето на Изет Меџити заврши, а иднината на Албанците е во политики засновани на чесност и вистински вредности“, се вели во соопштението на ДУИ.

реклама

Огромен ракетен напад врз Украина, експлозии во милионскиот Харков

Read more

Историски ден за Ѓоковиќ: Го сруши големиот рекорд на Федерер

Read more

Хоби кое доколку го претворите во бизнис би можеле да заработувате и до 92 евра на час

Read more

Јокиќ го сруши рекордот на Лери Брд

Read more

Македонија

Субвенции за санација на постоечки и поставување на нови лифтови во зградите во Карпош

Read more

Времен прекин во работењето на системот е-Даноци, соопшти УЈП

Read more

Дел од Општина Карпош денеска без вода

Read more

Променливо облачно и студено со повремени врнежи од снег

Read more
 

Вести

Исчезнатата Лидија од скопско Јурумлери, пронајдена почината

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Субвенции за санација на постоечки и поставување на нови лифтови во зградите во Карпош

Читај повеќе

Времен прекин во работењето на системот е-Даноци, соопшти УЈП

Читај повеќе

Aлбанија лани ја посетиле рекорден број туристи

Читај повеќе

Претседателот на Иран: Никогаш немавме намера да го убиеме Доналд Трамп

Читај повеќе

Уапсен отповиканиот јужнокорејски претседател

Читај повеќе

Огромен ракетен напад врз Украина, експлозии во милионскиот Харков

Читај повеќе

Дел од Општина Карпош денеска без вода

Читај повеќе