ДУИ со два услова за одржување избори, едниот е да не се загрози здравјето на граѓаните 

Скопје, 6 мај 2020 (МИА) – Ставот на ДУИ во врска со изборите е дека треба да се исполнат два критериуми за одржување на избори.

Односно, изборите би можеле да се одржат кога било, доколку се исполнат два услова – едниот е Комисијата за заразни болести да каже дека таков процес нема да загрози здравје на граѓаните и второ – ОБСЕ/ОДИХР да констатира дека можат да ги следат изборите,изјави денеска на прес-конференција вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

Рече дека вториот услов бил споменат и по вчерашната комуникација со телата на ЕУ, кои, како што посочи Османи, сметаат дека одлуката за избори е наша, меѓутоа е многу важно да има набљудувачи од ОБСЕ/ОДИХР во изборниот процес.

– Тоа значи дека доколку овие два услови се исполнуваат, ако Комисијата каже дека нема ризик за здравјето на луѓето да гласаат да се организираат, и набљудувачите да констатираат дека можат да дојдат да ги следат изборите, ние сме на став дека изборите можат било кога да се одржат, рече Османи.

Според него, за да се одржат изборите, треба да се направи анализа врз основа на постоечките параметри, врз основа на еден тренд.

– Затоа на пример, и мерките на олеснување не ги даваме денеска ги планираме во петок, за да имаме една недела тренд. Кога ќе треба да се донесе одлуката за избори, Комисијата треба стручно да го види трендот, бидејќи трендот ја покажува проекцијата за наредниот период, какви ќе бидат наредните десет или дваесет дена, оцени вицепремиерот Османи.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе