Македонија

ДУИ со над 15.500 амандмани контра законот за бранители

29. октомври 2012 - 14:00 | Макфакс

ДУИ со предложување на над 15.500 амандмани ќе се обиде да го спречи донесувањето на предлог-законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили по скратена постапка, најави пратеникот Талат Џафери.

Го повтори ставот на неговата партија дека се за законот што ќе ги опфати сите страни од конфликтот во 2001 година, но и дека ќе ги искористат сите институционални можности за блокирање на законот во предложената форма.

„Како и во редовната постапка, ќе ја искористиме секоја институционална можност да го спречиме донесувањето на законот. Ние сме за комплементарно решение што ќе ги опфати сите граѓани на Република Македонија", рече Џафери.

Со 11 гласови „за" и 81 „против" беше одбиен предлогот на пратеникот од ДПА Зијадин Села предлог законот да биде симнат од дневен ред. Упати и критики до ДУИ, посочувајќи дека со изгласување на недоверба на владата можеле да го спречат носењето на законот.

„Ќе беше поприфатливо наместо 15.500 амандмани да наброите пет проекти корисни за Албанците, а носењето на законот да го спречите во Владата", рече Села.

Предлог-законот е 35 точка на дневниот ред. 

Коментирај