Рибарско викенд село кај Сомбор е поплавено поради покачувањето на нивото на реката Дунав и единствен начин да се стигне сега до селото е со брод.

Водата ги поплави викендичките до висина на прозорците.
„Во ова викенд одморалиште нема струја и во моментов се стигнува само со брод“, пишува во описот на видеото објавено на Instagram.
Се наведува и дека ваков вид поплави годинава се случуваат по трет пат и дека мештаните се навикнати секогаш да бидат први на удар.