Архитектура

Dune House, еколошка куќа од соништата

6. март 2017 - 20:24 | Б.С.Б.

Во песочниот дел на островот Тершелинг, на северот на Холандија, се наоѓа импресивна еколошка куќа наречена Dune House.

Станува збор за прекрасна куќа со необичен изглед и поглед на Северното Море. Куќата е дело на компанијата Marc Koehler Architects од Амстердам.

Опремена е со систем за природно ладење, покривот е опремен со паметен вентилациски систем кој ја ослободува прекумерната топлина што се подига во горното ниво на куќата. Соларните панели се зад куќата, а внатрешноста е опремена со штедливи уреди и светла.

Коментирај