Во првите неколку дена од прикажувањето „Dune“ оствари огромна заработка во киносалите ширум светот, а продуцентите најавија дека во 2023 година ќе видиме и продолжение од ова филмско остварување.
Информациите за снимањето и премиерата на вториот филм првично ги објави Legendary Entertainment. Според најавите, „Dune 2“ ќе биде прикажан на 20 октомври 2023, две години по премиерата на првиот дел.
„Ова е само почеток, им благодарам на сите кои го гледаа филмот и на оние кои ќе го гледаат. Многу сме возбудени бидејќи продолжуваме со ова патување“, најавија од продукцијата.
Во првиот викенд од прикажувањето, „Dune“ заработи 41 милион долари во САД, односно 225 милиони долари низ светот.