Дупка во сценариото: Најголемите фејлови во познати филмови

Дури и во најпознатите холивудски блокбастери со милионски заработки, на кои работеле познати сценаристи и режисери, некои делови од приказната (а некогаш и целата приказна!) немаат никаква смисла. Сепак, од некоја причина, или не сте ја забележале или сепак сте поверувале и сте немале никаква причина за сомнеж.

Меѓутоа, луѓето кои прегледуваат филмови по десетици пати ги открија овие фејлови, а сајтот Bored Panda направи избор на седумте најголеми „дупки во сценариото“.

Armageddon

Во Armageddon, НАСА на помош го повикаа најголемиот стручњак за бушење извори на нафта Хари С. Стемпер за да им помогне да уништат метеор што се заканува да ја уништи Земјата. Еден од главните актери во филмот во една прилика ја воочил бизарноста уште во заплетот на филмот – би било поедноставно да ги научат астронаутите да бушат дупки отколку да ги научат работниците да станат астронаути. Кога Афлек го истакнал ова во една прилика, режисерот Мајкл Беј му рекол да заќути.

Lara Croft: Tomb Raider

Целта на Лара Крофт во филмот е да го уништи триаголникот за да не може да го искористат Илуминатите, но откако ќе го најде првиот дел од триаголникот, таа продолжува да го бара вториот наместо едноставно да го уништи првиот без кој не би можело да се состави триаголникот.

Toy Story

Ако Баз не верува дека е играчка, туку дека е вистински астронаут, зошто се „скаменува“ кога ќе се појават луѓе, како и сите други играчки?

Gravity

Во филмот, Ковалски бара од Стоун да го пушти бидејќи „јажето не може да нѐ издржи двајцата“, но тоа воопшто нема смисла бидејќи двајцата се наоѓаат во истата орбита околу Земјата. Еден допир би бил доволен го повлече назад кон себе.

Da Vinci Code

Воопшто не беше потребно да се знае шифрата за отворање на капсулата во која има оцет од една едноставна причина – оцетот замрнува на ниски температури и како таков не би можел да ја уништи хартијата. Доволно ќе било да се стави капсулата во замрзнувач, да се скрши и да се открие пораката.

Hangover

Денес во секое казино има камери за надзор на секој агол, па е малку веројатно (ако не и невозможно) никој да не го забележи Даг два дена на покривот. Во најмала рака од безбедносни причини.

Great Gatsby

Кога Ник се обидува да го најде Гетсби на забавата, неколку луѓе му кажуваат дека никој никогаш го нема видено Гетсби. Меѓутоа, подоцна во филмот се прикажуваат флешбек сцени во кои има исечоци од весници со негова фотографија и информации за него.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Филм & ТВ

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Read more

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Read more

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more
 

Сцена

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе